Брзо се подготвува, не е многу калоричен, превкусен е и нема причина зошто да не ја разубавите трпезата со еден ваков лесен ролат од банани.
Потребни намирници за тестото:
5 јајца,
5 лажици шеќер,
5 лажици брашно,
1 лажица какао.
Постапка:
Сите состојки добро се матат. Добиената смеса се излева во калап обложен со хартија за печење. Се пече 10 минути на 220 степени. Испечената кора завиткајте ја во мрсна хартија и оставете така да се излади.
Потребни состојки за фил:
½ литар млеко,
2 лажици шеќер,
1 пудинг од ванила,
1 лажица брашно,
120 грама путер,
150 грама шеќер во прав.
Сварете го пудингот заедно со 1 лажица брашно и 2 лажици шеќер. Кога ќе се излади составете го со изматениот путер, а на крај додадете го шеќерот во прав.
Намачкајте го белиот дел на половина кора и врз него ставете две банани.
Додадете две лажици какао во втората половина од филот. Премачкајте ја преостанатата половина од кората и завиткајте ролат.
Од филот што ќе ви преостане намачкајте го преку ролатот а одозгора изрендајте чоколадо.