Кељ е намирница која не сме навикнале да ја консумираме сирова, но неговите листови се како млада блитва или спанаќ, кои во сиров облик може да бидат дел од здраво смути.

Кетрин Мидлтон тврди дека токму во овој напиток пронашла витамински сојузник. Започнете го и вие денот со овој кралски појадок.

Кељот е исклучително добра мултивитаминска намирница која покрај останатото ја подмладува и ревитализира кожата. Содржи витамин А кој помага во регенерацијата на клетките, а комбинацијата од витамини помага во одржување на тонусот и цврстината. Кељот се смета за најголем чувар на здравјето на кожата.

РЕЦЕПТ

Потребни состојки:

100 г свеж кељ во листови

200 мл сок од јаболко

1 стебленце целер

1 лажица лимонов сок

2-3 коцки мраз или по желба

Постапка:

Сите состојки ставете ги во блендер или во апарат за смути и миксајте додека да добиете еднолича смеса, односно додека да се соединат состојките во густ напиток.