Рецептот од народната медицина кој ќе го прочитате подолу е многу популарен во светот поради неговата ефикасност. Уверен во делотворноста на оваа терапија, Лари Рајт основал фирма за производство и дистрибуција на џин со натопени зрна од суво грозје.
Според наводите од фирмата, пакувањето од половина килограм е доволно за еден месец. Рајт, кој има 79 години, претходно со години па-тел од силни болки предизвикани од артритис. Тоа траело сè додека не го пробал третманот со “Пија-ното грозје”.
Откако болките престанале, започнал да го споделува своето „Пи-јано грозје” со пријателите, а производот бил толку многу баран, што започнал и свој биснис. Рајт во грозјето додава цимет и мед поради противвоспалителните својства и добриот вкус.
Па така, стариот народен рецепт против артритични б олки станал сè попоуларен, а сè повеќе засегнати луѓе, но и здравствени работници, меѓу кои и доктор Оз, започнале да го насочуваат своето внимание кон ова природно решение.
Доктор Оз цела една емисија ја посветил на природните лекови кои ги олеснуваат болките предизвикани од артритис. Еден од рецептите кој тој ги препорачал во емисијата е токму „пи-јаното грозје“, односно суво грозје натопено во џин.
Според искуствата и научните истражувања, смрекинките од бобинките кои му го даваат вкусот на џинот, содржат доста терпентин и поради тоа се користат во бројни рецепти против воспаленија.
Сувото грозје е богато со антиоксиданти, Б витамини, минерали, железо, калиум и калциум, а познато е и како народен лек за ублажување на б олки.
РЕЦЕПТ: За да го приготвите овој природен лек, потребно е сувото грозје да го ставите во стаклена тегла и да го прелиете со џин (1-2 прста над сувото грозје) направен од смрекинки (прочитајте на амбалажата од шишето).
Затворете и оставете најмалку една седмица за да набубри сувото грозје и да го впие џинот. По вкус, во џинот може да додадете мед и цимет. Употреба: Секој ден консумирајте по 9-13 зрна.
Мили Гарфилд е презадоволна од овој рецепт и своето искуство го има објавено во видеото ОВДЕ. Таа вели дека секој ден консумирала по 9 „пи-јани зрна“ и супер се чувствувала. „Кај мене одлично функционираше овој лек“, вели таа објаснувајќи како го приготвува овој лек.
Заб олен и замастен црн дроб: ефикасно прочистување со суво грозје
Постапката за чистење на црниот дроб е една од најефикасните методи за закрепнување на организмот и ослободување од хронични бо лести и ток-сини. Зат-ру-ен-оста на организмот го успорува механизмот за самоизлекување и ја намалува ефикасноста на ле ковите.
Црниот дроб е чистач на кр-вта (ги елиминира сите ток-сини), па доколку е преоптеретен тој не може да си ја извршува нормално својата функција. Затоа е потребно повремено да се одмора, а уште подобро да се прочистува. Оттаму е јасно дека чистиот црн дроб значи здравје, виталност, енергија, убав изглед и добро расположение.
КАКО ДА ГО ОДБЕРЕТЕ ВИСТИНСКОТО СУВО ГРОЗЈЕ?
Прочистувањето на црниот дроб со суво грозје започнува со одење на пазар – за да го одберете вистинското овошје. Ова е многу важно, затоа што денес многу тешко може да се најде непрскано грозје и нетретирано со сум-пор диоксид. Не го купувајте многу светлото, златножолто суво грозје. Неговата светла боја е токму резултат на третманот со оваа супстанција.
Не го купувајте ниту многу сјајното суво грозје, затоа што и тоа е хемиски третирано. Квалитетното, органско суво грозје без хемија е без сјај, збрчкано, не премногу меко, но не и премногу тврдо. Зрната треба да бидат очувани, неош-тетени.
Добрите зрна од сувото грозје мора да имаат окер или кафеава боја (зависи од сортата). Исто така постои и црно суво грозје со синкава нијанса, која се добива од темните сорти винова лоза. Кога го одбравте вистинското суво грозје –можете да започнете со подготовка на рецептетот за чистење на црниот дроб.
РЕЦЕПТ: Наутро потопете половина чаша суво грозје во топла вода и оставете да отстои 15-тина минути. Потоа исплакнете со вода. Измиеното суво грозје повторно ставете го во чаша и дополнете со дестилирана вода на собна температура. Вака оставете го до следниот ден.
Следното утро, на гладно, испијте ја водата и изедете го сувото грозје. Легнете во кревет за еден-два часа и ставете топла облога (термофор) на десната страна од стомакот. Оваа постапка се прави еднаш неделно во текот на еден месец (4 пати во месецот), двапати годишно.