Телесните масти (уште познати и како адипозни ткива) играат значајна улога во одвивањето на нашите физиолошки процеси. Главната функција им е да служат како енергетски резерви, да ги заштитуваат органите и да го топлат телото.
Тие продуцираат и хормонски сигнали кои влијаат на различни процеси, вклучително и регулацијата на апетитот. Значи, адипозното ткиво е значајно за метаболитичкото здравје.
Сите знаеме дека зголемената телесна тежина причинета од таложење на масно ткиво, може да предизвика низа проблеми, но и премалото ниво на адипозно ткиво може да биде проблематично.
Премалите количества на масно ткиво можат да делува негативно врз регулирањето на шеќерот. Инсулинот е задолжен за регулацијата на шеќерот, сигнализирајќи им на клетките да примаат глукоза од кр-вта и да создаваат резерви.
Без доволни количества на адипозни ткива, овој процес може да биде нарушен, резултирајќи со инсулинска резистентност и на подолг период дури и со дијабет. Иако масните ткива се важни за правилното функционирање на метаболизмот, нивната позиционираност во телото може да води кон различни последици по здравјето.
Истражувањата покажуваат дека луѓе со иста висина и тежина, но со различна распределба на адипозните ткива, имаат и различен ризик од одредени метаболитички нарушувања, дијабет и срцеви болести.
Добро е познато дека вишокот масни наслаги околу струкот може да го зголеми ризикот од развивање на различни заболувања, како дијабет тип 2 или срцеви заболувања.
Наталожувањето на масни наслаги околу стомакот е резултат на нервози и стресови. Проблемот е што сите дополнителни килограми завршуваат токму во таа зона, па дури и кога сте на диета тоа е последната зона која „се топи“ и тоа со најголем напор.
Неодамнешното истражување кое доаѓа од Јеил покажува дека дури и слабите жени се соочуваат со масни наслаги околу стомакот, доколку се изложени на постојан ст рес.
Абдоминалното масно ткиво има повеќе рецептори за кортизол отколку што имаат другите зони на телото. Од таа причина луѓето кои се под ст рес таложат маснотии токму околу стомакот.
Втора причина за појава на масно ткиво во оваа зона на телото е и нерманотежата на бактериите во желудникот. Шеќерот, белиот леб и тестенините ги „хранат“ овие бактерии, па затоа треба да се избегнува оваа храна. Заборавете и на брзата храна, кафето, ал-кохолот и слатките кои се дополнителни извори на ст рес.
За ваквиот тип на луѓе не се препорачуваат напорни вежби и трчање зашто и самите вежби само го зголемуваат стресот. Се препорачуваат вежби кои делуваат смирувачки, вежби во кои личноста ужива и што повеќе вежби за истегнување.
Од храна се препорачуваат протеините (риба и пилешко месо), зеленчук, благ компир, цвекло, маслинки и авокадо. За среќа, нутриционистите смислиле и еден многу ефикасен напиток кој има способност да ги топи масните наслаги, особено оние на стомакот.
Многу моќен напиток кој ги топи мастите од стомакот
Потребни состојки: 4 стапчиња цимет, 2 големи лимони, 4 корења ѓумбир, 1 полна китка магдонос, 10 ливчиња свежо нане или мента и 1 литар вода, мед по вкус
Постапка: количините се доволни за еден ден за брзо слабеење или два дена за умерено. Секој ден пригответе нов, свеж напиток. Во меѓувреме, остатокот се чува во фрижидер. Ставете ја водата на оган да зоврие заедно со 4 стапчиња цимет и гответе на умерено околу 15-20 минути додека водата да стане црвена.
Ѓумбирот излупете го и исечкајте го на помали парчиња. Лимонот излупете го и исто така исечкајте го на помали парчиња. Исечканиот магдонос заедно со ментата, лимонот и ѓумбирот ставете ги во блендер и миксајте додека да се изедначи смесата.
За тоа време чајот од ѓумбир ќе биде изладен (млак), па додајте го во смесата од блендерот и уште еднаш миксајте за да се изедначи течноста. Потребно е да миксате околу 5 минути. Сервирајте една чаша од напитокот со лажичка мед.
Оваа количина е доволна за 2 дена: се пие по 250 мл наутро на гладно и навечер пред спиење. За уште побрзо согорување, пијте го овој напиток по 500 мл наутро на гладно и 500 мл неколку часа пред спиење наместо вечера!
Третманот трае 5 дена, а за тоа време ќе ослабете многу. Бидејќи во организмот ќе започнат забрзано да се одвиваат процеси за разбивање на мастите, потребно е пиете многу вода или чај од магдонос, чај од свила од пченка, да јадете полесна храна, сè со цел да се исфрлат сите штетни метаболни продукти.
После пауза од 7-10 дена можете да ја повторите постапката доколку сакате уште да слабеете.