За сите кои постат еве одличен рецепт за вкусен десерт. Се приготвува за само неколку минути, единствено што треба да почекате е да се олади и стврдне. Ако многу ви се брза можете да го ставите и во замрзнувач. Во рецептот не е спомнато, но по желба можете да користите и мелени лешници, чоколадо или нешто друго по вкус.

посна торта со гриз и кокос

Потребни состојки: 2 литри вода, 500-600 г гриз, 300 г шеќер, 1 ванилин шеќер или екстракт од ванила, 200 г кокос, 2 лажици какао во прав. Може да додадете и малини, јагоди, банани или џем…

прекрасно парче од приготвената посна торта со гриз
Потребни состојки

Постапка: Сварете го гризот во вода заедно со шеќерот и ванилата. Веднаш поделете го два еднакви дела, па едниот додајте кокос, а во другиот какао. Калап со пречник од 25 см обложете го со проѕирна фолија.

ставете на оган да зоврие вода со шеќер и ванила
со постојано мешање додајте го гризот
мешајте постојано за да не се создадат грутчиња

Излејте го првиот дел со кокос, па премачкјате со 4 лажиџи џем или рамниомерно распоредете некое овошје по ваш вкус, па одозгора прелијте го вториот дел со какаото. оставете го колачот добро да се стегне во фрижидер или еден час во замрзнувач.

варете го гризот додека да згусне
поделете го на два еднакви делови
во едниот дел додајте кокос
во другиот дел додајте какао
во обложен плех рамнимерно распоредете го белиот дел
премачкајте со џем, па додајте го кафеавиот дел
израмнете и ставете го колачот во фрижидер на ладење
превртете го врз чинија, па сечете и послужете

Потоа превртете го колачот и така извадете го од калапот. отстранете ја фолијата и наросете го со кокос или декорирајте го по ваша желба. Сите детали околу постапката на приготвување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

уживајте во прекрасниот вкус

Колач со гриз и кокос – економичен, брз, вкусен и сочен, полн плех

Економичен, вкусен и сочен колач. Се допива полн плех од некои основни состојки и многу брзо се прави. Фотографија и рецепт на Сунчица Савиќ Стојановиќ – Колач со гриз и кокос.

Потребни состојки: 2 јајца, 100 г шеќер, 200 мл млеко, 100 мл масло, 200 г брашно, 2 лажици какао, 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер

За крем: 1 литар млеко, 7 лажици гриз (полни), 8 лажици шеќер, 2 ванилин шеќер и 150 г кокос

Постапка: прво сварете го кремот. Во зовриено млеко ставете измешан гриз со шеќер и ванила, па варете 2 минути со постојано мешање. Додајте го кокосот, поклопете и оставете на страна.

За бисквит, белките пенасто изматете ги со шеќерот додека да добиете цврст сбег. Потоа додавајте ги една по една жолчките и продолжете со матење, а потоа додајте ги и останатите состојки и убаво соединете матејќи со миксерот со помала брзина.

Плех со приближни димензии 35х20 см обложете го со хартија за печење или намастете го со малку масло и наросете го со брашно, а вишокот истресете го.

Половина од смесата излејте ја во вака приготвениот плех. Тоа е баш тенок слој кој треба убаво да се разлее. Запечете го во загреана рерна на 170 степени многу кратко околу 5 минути колку да се зафати коричка.

Извадете го колачот од рерна, излејте го кремот, израмнете, а одозгора излејте го и вториот дел од смесата. Вратете назад во рерна на уште 15-20 минути на истата температура, никако на посилно за да не се пресуши или изгори.

Изладете го неколку часа колачот за да може да стегне и да добиете убаво исечени коцки. Следниот ден (ако остане) колачот е уште помек и посочен. / Фотографија и рецепт на Сунчица Савиќ Стојановиќ