Оваа чудесна медитеранска билка која од неодамна може да се сретне и кај нас (поради промена на климата), е вистинска реткост и благодет. Таа е бесмртна а еден литар етерично масло од оваа билка чини 1800 евра.
Засекогаш млади… Дали и вие мечтаете за овој вечен идеал и желба на милиони луѓе ширум планетата? Доколку одговорот е позитивен, продолжете со читање и откријте ја тајната која љубоморно ја чуваат козметичките компании…
Сигурно сте слушнале за многубројните препарати кои помагаат да се спречи стареењето, кои го подмладуваат лицето и ја хидратираат сувата и уморна кожа.
Но, дали сте слушнале за билката која се вика Смиљ (Helichrysum arenarium)?
Но, не бидете зачудени ако не сте слушнале за оваа чудотворна билка, бидејќи долго време, водечките козметички компании љубоморно ја чуваат оваа тајна. Имено, кога ќе дознаете какви се’ проблеми може да се решат со „бесмртничето“, никогаш повеќе нема да купувате козметички препарати, скапи креми и лосиони.
За што станува збор?
Смиљ е медитеранска билка која расте на сончеви, камени места и падини, во пукнатините на карпите, напуштени лозја и покрај патиштата. За нејзините лековити својства знаеле и старите Грци кои ја користеле за лекување на рани. Меѓутоа, со текот на времето оваа билка била заборавена и станала добро криена тајна.
Освен за подмладување, смиљот има и бројни други лековити својства. Претставува одличен лек за бронхитис и кашлица, делува како седатив, го намалува крвниот притисок, нивото на холестерол во крвта, спречува појава на тромбови, ги намалува болките и го јакне целиот организам.
Постојат повеќе видови смиљ а најпозната е Helichrysum italicum. Нејзината моќ ја препознале и најдобро ја искористиле Французите кои ја нарекле immortelle, што значи бесмртна. Овој прекар смиљот со гордост и со право го носи. Причина? Способност за бришење на брчките, лузните, стриите и модринките.
Единствена мана на оваа чудотворна билка е количината која е потребна за нејзино претворање во етерично масло, а поради тоа има многу висока цена на пазарот.
Еден тон смиљ за еден литар масло
Зошто смиљот е толку драгоцен и посакуван? Одговорот лежи токму во вредниот еликсир кој билката го содржи во многу мали количини. Имено, смиљот има многу малку етерично масло (помалку од 0,05%), па потребно е нешто повеќе од еден тон билка за да се добие еден литар етерично масло.
Прекарот „бесмртна“ оваа необична билка ја добила и поради фактот дека никогаш не венее, па дури ни откако ќе се набере.
Инаку, нејзиното стебло е исправено и обраснато со свиленкасти, густи влакненца. Може да порасне и во висина до 60 см, а некои видови и до 90 см. Цвета од мај до јули.
Исто така, мора да се дестилира свежа, а не сува билка. Тоа дополнително го комплицира нејзиното производство и поради тоа и толку високата цена.
За еден литар етерично масло од оваа билка треба да платите помеѓу 1500-1800 евра. Со ефектите се задоволни бројни жени ширум светот, а одгледувањето на оваа билка за многумина станува привлечен и вносен бизнис.
Смиљот е омилен како цвеќе, но е добро познат и како лековита билка. Се користи за лекување на жолчката и за исфрлање на камења од жолчката. Позитивно делува на органите за варење.
Во употреба е и како лек за уринарниот тракт. Ова билка содржи флавоноиди, танини, смола, етерично масло, органски киселини, горчливи материи.
Чај од смиљ за жолчка
Чај за жолчка може да се прави само од смиљ или смиљот да се комбинира со други лековити билки кои имаат слично делување.
Подготовка: 3 големи лажици смиљ се ставаат во ½ литар зовриена вода. Поклопете и оставете преку ноќ да седи чајот. Наутро процедете го чајот. Се пие 3 пати дневно, пред јадење.
Овој чај е добар и за органите за варење, органите за мокрење, за регулирање на крвниот притисок и холестеролот како и за зајакнување на организмот.