Ширден е внатрешен орган на младо јагне кој преставува продолжение на желудникот.
Потребни состојки:
1 поголем ширден
200 г телешко месо
200 г свинско месо
200 г јагнешко месо
ориз, црн пипер, сол, вегета, црвен пипер, јенибар, сува пиперка, кромид, масло
За неколку ширдени, употребете по 500 г од секој вид месо.
Постапка:
Се сечкаат на ситни парчиња месото (1,5 см), кромидот, пиперката, и се мешаат со оризот и зачините. Со добро измешаната смеса се полни ширденот и се затвора со чепкалка.
Се става во тава, се зачинува со сол, вегета, црвен пипер и се налева со масло и една чаша вода. Се остава да се пече на 180 степени околу два часа и повремено се врти ширденот и се боцка за да излезе водата.