Голем луѓе барем еднаш годишно се соочуваат со овој непријатен здравствен проблем… Чувствувате болка и притисок во пределот на челото, очите и носот и имате потешкотии со дишењето? Прочитајте што да направите!
Доколку и вие мака мачите со синусите и на сите можни начини се обидувате да го решите овој проблем, погледнете го овој трик од ценетиот доктор Алан Мендела од Флорида, кој осмислил два начини за одзатнување на синусите за кои ќе ви биде потребно помалку од минута, а можете да ги пробате веднаш.
I Испружете ги палците и истовремено додека ја отвoрате устата притиснете ја со нив внатрешноста на увото. Испуштете го притисокот на ушите истовремено затворајќи ја устата. Ќе слушнете лесно потпук-нување во ушите. Постапката повторете ја десет пати.
II Затнете го носот со прсти, лесно вдишете и издишете држејќи ја устата затворена, при што ќе ви се надуат образите. Повторете три пати. Целата постапка за изведување во интерпретација на докторот, можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.
За воспалени синуси може да ви помогне и ренот. Потребно е секоја ноќ пред спиење да правите инхалации со рен, после неколку дена синусите ќе почнат да се чистат, а болката и непријатното чувство ќе исчезнат: на шпорет загрејте рендан рен, покријте ја главата со пешкир и пет до десет минути всушувајте ги испарувањата.
Многу ефикасен рецепт кој за неколку минути може да ги ослободи затнатите синуси
Синуситис е инфекција или воспаление на синусите, џебови исполнети со воздух во коските на лицето. Зимскиот период носи студено и влажно време кое во комбинација со зголемена загаденост на воздухот и престој во зачадени простории, честопати е причина за појава на воспалена слузокожа на синусите.
Синусите се парни празнини во скелетот на главата сместени околу носната празнина, исполнети со воздух и обложени со лигавица. Синусите се поврзани со носот преку мали отвори низ кои во нив навлегува воздухот, а од нив излегува секретот што го излачува лигавицата.
Кога ќе дојде до воспаление и оток на носната и синусната лигавица, доаѓа до блокада на нормалната дренажа на секретот преку синусните отвори и оваа состојба овозможува поволни услови за развој на акутно воспалени на синусите.
СИМПТОМИ: чувство на оток на лицето, притисок зад очите, затнат нос, отежнато дишење, цедење слуз во грлото, непријатен мирис во носот, температура (евентуално) и забоболка (евентуално)
МНОГУ ЕФИКАСЕН РЕЦЕПТ (проверен и испробан од доктор кој ни го испрати рецептот):
Потребни состојки: 1 чаша вода, 1 лажица морска сол, 1 лажица камилица, 1 лажица мед, 2 капки јод и малку сода бикарбона.
Постапка: на оган ставате да зоврие една чаша вода со една лажица морска сол. Тргнете го садот од оган и ставате една лажица камилица. Кога чајот ќе излади, ставете една лажица мед, на врв од лажичката сода бикарбона и две капки јод. Од оваа течност се прска во нос 2-3 пати дневно.
Коментар на Љупка Андрејиќ: “Повеќе од половина килограм лушпи од непрскани компири да се сварат и да се направи инхалација со пареата (главата покриена со пешкир врз садот) во времетраење од 15 минути. Потоа се вари лук истата количина, цели главици нелупен.
Па повторно 15 минути инхалација. Постапката се повторува три ноќи по ред по што започнува чистење на синусите. После инхалацијата да не се излегува надвор. ОБЈАСНУВАЊЕ: Човекот има четири пара синуси кои се поврзани со носните канали со низа дупки и меѓуврски.
Синуситисот се јавува кога епителот што ги покрива синусите ќе се воспали, а најчеста причина е затворањето на синусните отвори што се појавува при обичната настинка или грипот. Овие болести го засилуваат лачењето на слузта во носните канали, предизвикувајќи отекување на ѕидовите на синусите и оневозможувајќи нормална работа на клетките.
Алергиските реакции можат да го имаат истото дејство. Во некои случаи синусните отвори ги затвора некоја необична анатомска творба, на пример, од порано постојните носни полипи, девијација на носната преграда, туѓите тела или тумори. Некои болести како дијабетесот и ХИВ, можат да создадат предодреденост за воспаление на синусите.
Исто така, кај луѓе со недоволно слуз и влакненца, како што се заболените од цистична фиброза, веројатноста за појава на оваа болест е поголема од просечната. Синуситисот, исто така, е раширен меѓу заболувањата од тонзилитис и луѓе со аденоидни тегоби.
ЛЕКУВАЊЕ ДОМА – Контролираните истражувања покажале дека таблетки од бромелин го намалуваат воспалението, секретот од носот, главоболката и отежнатото дишење. Имунолошкиот систем можете да го зајакнете со примена на ехинацеја, хидрастис или лук.
Вдишувањето пареа од чај од мирисно каранфилче или чај од ѓумбир исто така, ги ублажува симптомите. Против претераното лачење слуз хербалистите препорачуваат цвет од боз, зорвица, бел слез или златна палка. -Вдишувајте пареа на овлажнувач на воздухот, смеса на топла вода и оцет или дури чаша чај или кафе.
За отворање на синусите ставајте на носот топли облоги. Пијте многу течности. Добрата, здрава исхрана што содржи овошје и свеж зелен зеленчук може да ја поттикне секрецијата и отворањето на синусите. Нутриционистите ги препорачуваат следниве додатоци во исхраната:
Витамин Ц, 500 мг на секои два часа, Биофлавоноид, 1г дневно, Бета-каротин (витамин А), 25 000 МЕ дневно, и Цинк, 23 мг на секои два часа во текот на денот, најмногу една недела. Чувајте се од храна за која се сомневате дека може да предизвика алергиска реакција.
Алергените на кои луѓето честопати и не помислуваат се правот во креветите и некои прехрамбени производи, на пример, млечните производи и пченицата. Кога е тоа можно, избегнувајте тутунски чад.