Потребни состојки:
125 г брашно
125 г рендано сирење
80 г ладен путер
1 кафена лажичка сол
½ кафена лажичка мелен црвен пипер
2 лажици сок од лимон
1 жолчка + 1 јајце за премачкување
За поросување: малку мелен црвен пипер
Постапка:
Сувите состојки измешајте ги. Додадете ситно сечен путер и добро втријте го во брашното. Додадете рендено сирење, жолчка и сок од лимон.
Замесете тесто, свиткајте во фолија и оставете околу 20 минути. Работната површина поросете ја со малку брашно, развијте тенко тесто и сечете правоаголници.
Рерната загрејте ја на 210 степени.
Во тепсијата ставете хартија за печење. Наредете ги соленките.
На неколку места тестото избодете го со крајот од вилјушката. Изматете јајце, премачкајте го тестото и наросете со црвен пипер.
Ставете во рерна и печете 10 минути.
Ако има видео: http://creativabox.com/2018/03/30/slani-krekeri/