Народната медицина, заснована врз примената на даровите од природата е присутна низ целиот свет со векови. Бројни растенија, билки и производи од животинско потекло имаат способност да ја подобруваат работата на нашиот организам, да ги ублажуваат симптомите на болеста и да го зајакнуваат имунитетот.
Главната улога на имунитетот во човечкото тело е одбрана од патогени микроорганизми кои се најчеста причина за појава на инфекции. Имунолошкиот систем има задача да ја открие потенцијалната закана од овие микроорганизми и да ги елиминира пред тие да му наштетат на здравјето на човекот.
Имунолошкиот систем е способен да разликува здрави клетки во телото од клетки на надворешни и непознати организми или супстанции. Во нормална ситуација, опас-ните микроорганизми ќе бидат уни-штени, а едно лице дури и нема да го забележи тоа бидејќи нема да се манифестираат никакви симптоми.
Вроден имунитет
Како што сугерира името, овој вид имунитет се стекнува уште при раѓање. Содржи бариери кои спречуваат потенцијални закани по нашето здравје. Компонентите на вродениот имунитет вклучуваат кожа, желудечна киселина, слуз, одредени ензими и кашлица.
Стекнат имунитет
Овој имунитет се гради постепено во текот на животот и за тоа време стекнува функција што му овозможува да открие и отстрани одредени патогени микроорганизми. Неговото функционирање е многу посложено од работата на вродениот имунитет. Со неутрализирање на причината за инфекцијата, организмот ја „памети“ и при следниот напад полесно е да се препознае и отстрани.
И покрај фактот дека Русија е една од најнапредните, најголемите и најстабилните земји во светот, природната медицина сè уште се применува како ефикасен начин за лекување на луѓето и подобрување на моменталната здравствена состојба. Новите технологии и модерната доба не ги спречуваат Русите да ги применуваат методите за лекување на нивните предци.
Рецептите се пренесувани со генерации, докажани во пракса дека се многу ефикасни. Многу од нив се наменети и за возрасни и за деца и немаат никакви несакани ефекти врз телото. Познати се многу руски рецепти кои се исклучително добри за работата на нашиот имунитет.
Суво овошје како ефикасно решение за силен имунитет
Во својот состав, сувото овошје содржи антиоксиданти, лесно сварливи влакна и витамини важни за работата на имунитетот. Оревите се исто така богати со антиоксиданти, но и омега – 3 масни киселини. Лимонот е состојка која изобилува со витамин Ц. Медот штити од инфекции и исто така има големи и бројни лековити својства.
Измешајте во блендер 300 г суви кајсии, 300 г суво грозје, 300 г сечкани ореви и 3 лимони заедно со кората доколку е органска. Во готовата смеса додајте 1 лажица мед. Возрасните треба да консумираат една лажица од овој лек на ден, а децата една кафена лажичка.
МОРС – Медицински руски пијалак за зајакнување на имунитетот
Овој пијалак е популарен во Русија поради неговиот вкус, но и лековитото дејство врз имунитетот. Содржи голема количина на витамин Ц како резултат на присуството на брусница. Медот помага да се елиминира причината за инфекции. Лимонот ги ублажува сите постоечки воспалителни процеси во телото.
Две чаши измиена и исчистена брусница додајте во пет чаши вода. Сварете го овошјето додека плодовите да почнат да набабрат. Потоа добиената смеса промешајте ја така што ќе се направи густа каша од брусницата, па вратете повторно на рингла уште 5 минути за да зоврие сè.
Тргнете го садот од рингла, поклопете го и оставете ја смесата малку да се подизлади. Процедете го сокот, а потоа додајте 100 г мед и сок од половина лимон. Сокот може да се чува во фрижидер до една недела.
Кромид со додаток на мед за силен имунитет
Кромидот е одличен за имунитет, бидејќи содржи фитохемикалии кои ја стимулираат употребата на витамин Ц за да го заштитат организмот од причинителите за многу болести. Покрај тоа, докажано е дека кромидот е ефикасен природен лек за намалување на нивото на холестерол и триглицеридите во кр-вта. Со додавање на мед како природен антибиотик, ќе бидете заштитени од сезонски инфекции.
Невен
Невенот не е само вид цвеќе што често може да се најде во дворот. Исто така, служи за зајакнување на имунолошкиот систем и ја стимулира неговата работа. Покрај тоа, помага при варење на храната и го одржува дигестивниот систем здрав. Невенот, исто така, делува како природен лек за повреди на окото и осип на кожата.
Секое утро пред јадење, одберете три цвеќиња невен и изедете ги. Изџвакајте ги добро пред да ги голтнете. Правете го ова секој ден во следните две недели. Потоа направете пауза од една недела, а потоа повторете ја терапијата доколку е потребно. При користење невен треба да бидете претпазливи, цвеќето да не е прскано со пестициди.
Комбинација на кефир, тиква и мед
Овој домашен рецепт ќе ја зајакне природната одбрана на вашето тело и ќе ви помогне да се одбраните од сезонски заразни болести. Се базира на кефир, ферментиран млечен производ и природен пробиотик.
Тиквата изобилува со хранливи материи кои се важни за нормално функционирање на имунолошкиот систем. Меѓу нив присутни се и витаминот А и Ц. Медот е ризница на антиоксиданти и има антибактериско дејство.
Измешајте 4 чаши кефир и 150 г варена и испасирана тиква, а потоа додајте една лажица квалитетен, органски мед. Се препорачува да се консумира една чаша на ден, а остатокот може да се чува во фрижидер додека да се потроши.
Руски начин за зајакнување на имунитетот – потопете ги нозете во леѓен со ладна вода
Едно руско истражување покажа дека ладната вода го зајакнува нашиот имунитет и не штити од грип и настинки. Исто така ова истражување насочува на потенцијален ефект на зголемување на производството на бели кр-вни клетки (леукоцити) доколку редовно практикуваме ладен туш.
Покрај тоа, ладната вода го стимулира губењето на вишокот килограми, го забрзува закрепнувањето на повредите на мускулните ткива и косата и ја подобрува циркулацијата.
Студената вода влијае и на нашето ментално здравје бидејќи го намалува стресот. Ставете ладна вода во леѓен, а потоа натопете ги нозете. Држете ги нозете во водата 15 секунди, а потоа пребришете ги со крпа и облечете волнени чорапи. Повторувајте ја постапката секоја вечер пред спиење.
Рен и каранфилче
Овој рецепт можеби нема одличен вкус, но е многу корисен за целиот имунолошки систем. Каранфилчето е зачин кој го зајакнува имунитетот, позитивно влијае на метаболичките процеси во организмот, ја ублажува болката и ја олеснува борбата против намалувањето на вишокот килограми.
Ренот е извор на витамин Ц и затоа е од голема корист за работата на ослабениот имунитет. Медот му помага на одбранбениот систем да ја изврши својата заштитна улога. Истурете лажичка мелено каранфилче, лажичка рендан рен и лажичка мед во 200 мл млака вода. Промешајте ја смесата и испијте ја веднаш. Пијте по една чаша од овој природен лек секој ден.
Московскиот лекар Сергеј Бубновски советува внесување на здрава храна што не е обработена и елиминирање на конзервираните подготвени оброци. Тој вели дека на нашето тело му e потребно многу вода. Кога станува збор за физичка активност, комбинацијата на одење, џогирање и пливање се смета за совршена за зајакнување на имунитетот.
Д-р Јевгениј Комаровски е фокусиран на здравјето на децата и често ги учи родителите како да ги направат своите деца поотпорни на инфекции и негативните ефекти на надворешната средина врз здравјето на нашите најмлади.
Формирањето на начин на живот треба да биде придружено со здрава исхрана заедно со спортот. Продолженото седење на компјутер, стерилните услови во дневните простории, прегревањето и закуските нема да му дозволат на детето да гради имунитет.
Чадот од тутун и никотинот спречуваат имунолошкиот систем да реагира на време во случај на присуство и активност на инфективни агенси. Престанете да користите цигари целосно и избегнувајте пасивно пушење, односно вдишување чад од тутун во близина на други пушачи.
Консумирајте ал-ко-хол во умерени количини
Во ред е да се испие чаша вино после ручек или една чаша на некоја прослава, но не повеќе од тоа. Прекумерниот внес на ал-ко-хол, особено на дневна основа, има деструктивен ефект врз имунитетот.
Редовно вежбајте
Одвојте најмалку половина час секој ден за трчање, јога, пливање, спортски активности или барем прошетка.
Спијте доволно
Одморот е исто толку важен за имунитетот, колку и активноста. 8 часа ноќен сон, како и 30-45 минути попладневна дремка и релаксација ќе го заштитат вашето тело од негативните ефекти на бактериите, вирусите, габите и паразитите.
Триковите на руската народна медицина и природните рецепти што се подготвуваат многу години позитивно влијаат на здравјето на секој што ги пробал. На тој начин, телото ќе се зајакне и заштити од причините за опасните инфекции.
Со регулирање на диетата и животните навики, веќе нема да имате проблеми настинки, грип и вируси. Мали промени и нови здрави рутини наскоро ќе покажат позитивни резултати. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска