Потребни состојки:

2 листа обланди

8 крем-банани

Фил:

500 г шеќер

200 мл вода

250 г путер/маргарин

100 г чоколадо

250 г мелени бисквити

250 г мелени ореви

Постапка:

1.Во шерпа ставете вода и шеќер, па гответе додека да зоврие. Потоа додадете го путерот/маргаринот исечкан на коцки и икршеното чоколадо и мешајте додека да се растопат.

2.Тргнете го садот од оган, па додадете мелени бисквити и мелени ореви. Оставете да излади.

3.На рапавата страна од еден лист обланда нанесете половина од приготвената смеса. Преку неа наредете крем бананчиња, благо втиснете ги во филот па премачкајте со втората половина од смесата. На крај прекријте со другата обланда, со рапавата страна свртена кон долу. На крај можете да премачкате со чоколадо по желба.

4.Колачот потиснете го со тежина и оставете во фрижидер да преноќи, а потоа исечете го на парчиња со величина по ваша желба.