Едноставно, брзо и вкусно!
Потребни состојки:
6 парчиња леб
6 парчиња кашкавал
6 парчиња шунка
3-4 јајца
Презла
Постапка:
Лепчињата истенчете ги со помош на оклагија…
Врз секој тост ставете парче шунка и кашкавал, а потоа внимателно свиткајте во ролат…
Наместо шунка можете да ставите некоја салама или сланина, секој по свој вкус, кој како сака.
Ролничките прво натопете ги во матени јајца, па потоа во презла, па повторете ја постапката…
Пржете ги ролатчињата во врело масло од сите страни додека да заруменат.