Доктор Солаковиќ во обид да ги разбие сите табуа за здравиот живот, даде одлични совети кои вреди секој да ги прочита.
Доктор Емир Солаковиќ е општ и кардиоваскуларен хирург, редовен професор на Медицинскиот факултет во Сараево. Специјализација од областа на општа и васкуларна хирургија завршил во Сараево, а специјализација од кардиохирургија – во Германија.
Овојпат тој се осврна за начинот на живеење и што всушност претставува здрав живот.
„Кога и да се случи кај мене да дојдат странци, првата работа која ја бараат е соба за пу-шење. И го гледам, пу-ши една зад друга, јаде пита и така два-три дена по ред. Но потоа се враќа во својата земја и на еден поинаков систем, значи не му е тоа стил и начин на живеење (мисли на јадењето буреци и уживањето во ци-гари)“, започнува д-р Солаковиќ.
Потоа објасни зошто се многу мали шансите народот кај на с да биде здрав.
„На нашиот факултет имаме само два часа учиме за тоа што е здрав стил на живеење и тоа тие два часа се толку досадни што подосадни не можат да бидат. Што е важно кога пациентот ќе отиде на лекар, а тој лекар поим нема што да му каже.
На телевизија гледаме разни реклами, низ градот на секој агол те мами привлечна миризба на ќебапи, а никаде нема, на пример, риба. Нашиот народ нема теоретска шанса да биде здрав, а три дена пред самиот крај кога животот виси на конец, доаѓаат и прашуваат:
„Како би можел да живеам здраво?“, а јас тогаш им велам: „Најдобро е да се посипеш со песок и да почнеш да се навикнуваш на земја“, додава д-р Солакови користејќи црн хумор за посликовито да ја долови сериозноста на ситуацијата.
Докторот во едно претходно интервју за Н1 изјави дека лекарите на телевизиите се досадни и дека обично ги повикуваат на Светскиот ден на здравјето, а од друга страна настапуваат разни луѓе од алтернативната медицина кои на луѓето им се поинтересни.
„Им носите во емисија некој човек кој става овчи цре-ва околу вратот и тој нормално дека е поинтересен. Тоа е интересно. Ќе доведете двајца со диплома, но тие не се интересни и не говорат со „близок“ јазик кој им е разбирлив на пошироките маси, па нив сè поретко ги има“, објаснува докторот.
Тој се осврна и на ситуацијата во регионот, наведувајќи дека жителите на Сараево се сè понездрави поради начинот на исхрана. „Овде нема шанса да знаете што е здраво, а што не. Државата нема да ви каже дека имаме проблем. Нема да ви каже „народе потребни ви се толку и толку белковини, а толку масти… Граѓаните немаат шанса тоа да го знаат, гледаат реклами и насекаде и исто.
Кога ќе дојде Светски ден на притисокот, сите од Катедралата го мерат притисокот. И политичарите нормално, се фотографираат. Ние теоретска шанса немаме да знаеме што е здраво и што ни е потребно“, истакна д-р Солаковиќ.
Стресот исто така е голем проблем во општеството, а доктор Солаковиќ има предлог решение.
„Некој ви „планинарел“ по мозокот, шефот, жената, децата… Ќе си дојдете дома, мора да имате мир, но и таму стрес. Машините бучат… Позитивен стрес е кога Sвонко од режија ќе те мал-тре-тира, но позитивно. Таквиот стрес ви треба. Но дома не ви треба стрес. Под стрес може да се биде постојано, па да се добие инфаркт, мозочен у дар..“
Како тоа да се лекува, да се спречи?
„Не вклучувам телевизија. Не користам интернет. Тоа е губење време., Мојот мобилен е од музеј. Го користам од нужни потреби, се јавува, се слушам и толку. Техниката е стресогена.
Ќе го вклучите телевизорот: готват, перат, глумат…политика. Јас сум депресивен кога гледам вести. Се дружам само со позитивни луѓе, а ако видам дека некој од пријателите не е добро расположен, бегам од него веднаш“, објаснува докторот.
Солаковиќ советува да се дружите со позитивни луѓе и да не одите по улиците по кои одат нерасположени луѓе („со спуштен нос“).
Ние докторите во болница ги задржуваме нешто подолго од обично оние пациенти кои имаат ведар и позитивен дух, ги оставаме за и нам да ни биде поубаво. Оние другите ги испраќаме дома, за да не ја шират депресијата. Ако си депресивен, биди си депресивен во себе и на мајка ти, немој на мене“, со доза на острина објаснува докторот.
Совет?
„Чувајте го здравјето и штедете пари. Подобро ви е малку да поткашлувате, ама да имате пари. Посигурно се чувствувате кога имате пари. Тргајте на страна, инаку што ќе правите без пари? Веднаш ќе се разболите. Ви посакувам на сите да бидете здрави“, порача Солаковиќ по повод Меѓународниот ден на здравјето.