Ќе ви кажеме нешто што и сами го знаете – лебот едноставно не е здрав. Од здравствено гледиште, нема оправдана причина за негова консумација – освен ако не го проследите рецептот за леб на еден кардиолог.

Според кардиологот Стивен Гандри од Небраска, автор на книгата „Парадоксот на билките“, постои само еден тип на леб кој навистина можете да го јадете без грижа на совест. И ни најмалку не не чуди што тој леб воопшто не содржи житарици.

Д-р Гандри го нарекол „за малку леб“ и не содржи соја, квасец ниту глутен. А всушност изгледа како леб!

Па од што тогаш се состои? Сигурно се прашувате.

Од белки, бадемово брашно, кокосово масло, кокосово брашно, брашно од сладок компир, брашно од лешници, путер од бадеми и уште неколку ситници.

Едно парче според неговиот рецепт има 90 калории. Секако, д-р Гандри започнал производство па целиот рецепт не сака да го открие. Но бидејќи и самиот кажа дека инспирацијата за леб потекнала од палео исхраната која обилува со рецепти за леб од слични состојки, и вие можете да направите некоја од своите верзии на здрав „за малку леб“.

Ние за вас го одбравме во моментов најпопуларниот рецепт на интернет, а вие доколку сакате, можете да истражите повеќе.

РЕЦЕПТ:

2 шолји бадемово брашно

1/3 шолја + 1 лажица мелено ленено семе

1 лажичка цели зрна ленено семе

½ лажичка сол

1 лажичка сода бикарбона

½ шолја густин

6 лажици путер

4 јајца

1 лажичка јаболкова киселина

½ шолја грчки јогурт

ПОСТАПКА:

Во голема чинија измешајте ги сите прашкасти состојки и ленот.

Во тава растопете го путерот и оставете да излади околу 5 минути.

Измешајте го растопениот путер со јајцата, оцетот и јогуртот.

Со силиконска шпатула нежно промешајте ги влажните и сувите состојки додека да добиете тесто.

Внимавајте да не претерате со мешање бидејќи тогаш ќе стане премногу густо и маслено (ќе избие путерот а влагата ќе ја впијат сувите состојки).

Тестото префрлете го во калап за печење кој сте го обложиле со хартија за печење. По желба одозгора поросете со ленено семе.

Печете на 175 степени околу 25 минути (проверувајте со чепкалка за заби за да бидете сигурни кога е готово).

Оставете лебот да излади во рерна, а пото сечете тенки парчиња и послужете. За да ја сочувате свежината на овој леб, завиткајте го во хартиена салветка, па сместете го во кеса со херметичко зип затворање.