Родителството најчесто ја менува секоја врска, а времето што претходно сте го поминувале заедно со партнерот се претвора во континуирана низа одговорности. Ова е причината зошто настануваат чести кавги меѓу партнерите. Една мајка се нашла во таков маѓепсан круг и анонимно го сподели своето решение за тој проблем.
Мајката рече дека еден ден нејзиниот сопруг легнал малку непланирано среде ден додека децата биле будни. Потоа следела расправија, а неколку часа подоцна, кога децата веќе спиеле, нејзиниот сопруг го предложил правилото 3х3, што му го кажал пријател, кој бил советник за брак.
Тоа правило вели дека секој родител треба да има три часа во текот на неделата што се само за нив. Тие три часа можат да се искористат одеднаш, но може и да се распоредат во текот на неделата. Единствено важно е секој родител да го помине тоа време сам, правејќи нешто за себе.
Покрај тоа, парот треба да одвои дополнителни три часа што би биле само за нив како двојка. Може да биде состанок во град или може да биде околу половина час секоја вечер кога децата ќе заспијат.
“Го користевме правилото 3×3 веќе еден месец и бевме шо-кирани од тоа колку работите се променија. Нешто многу подлабоко се случи, целото незадоволство, тој тивок „немир“ што го уништуваше бракот, едноставно исчезна”, сподели мајката, додавајќи дека тоа се случило затоа што знаела дека ќе има време за себе.
“Дали сега имам повеќе разбирање за потребата на мојот сопруг да заспие попладне? Се разбира. Јас сепак сакам да ја вклучам правосмукалката најсилно и да ја исправам до неговата глава? Се разбира.” – се пошегува таа на крајот.
Сосем е нормално дека како што минуваат годините, вашите разговори се сведуваат на планови за оброци, носење деца на училиште, поправки низ куќата и планирани летни одмори.
Сепак, стручните психолози тврдат дека потребни се само 30 секунди за вашата врска да биде обновена, во најмала рака, и да се врати на вистинскиот пат. Бидејќи вашето време со вашиот партнер, без други луѓе (вклучувајќи ги децата) во текот на денот е обично ограничено, нема да ви штети да ја испробате оваа тактика за да ги подобрите односите меѓу вас, на вашиот заеднички фронт.
Затоа, пред да ја прегрнете перницата, обидете се да ги вербализирате моментите во текот на денот што ве направиле да се чувствувате добро, како и да и дадете комплимент на вашиот партнер и за најмала ситница.
Пример 1: Кажете му колку ви значи што ги ставил алиштата во корпата за нечисти алишта. Пофалете го неговиот труд и одвоеното драгоцено време да помогне во домашните обрски.
Пример 2: Заблагодарете му што ви направил освежителен пијалак / кафе кога ќе се вратите дома од работа изморени. Нагласете дека никој не прави подобар пијалак / кафе од него/неа.
Пример 3: Кажете му на парнерот колку се воодушевени што ја поправил вратата од гаражата или ја заменил сијалицата во ходникот, ја искосил тревата или ја измил терасата. Без разлика за што станува збор, пофалете го парнерот и за најмалата ситница што ја направил/а во текот на денот. Практикувајте го овоф метод секојдневно.
Поентата е да ги забележите напорите и работата на вашиот партнер и неговите напори што тој/таа ги вложува во име на вашето партнерство. Наместо постојано да го критикувате, фалете го она што сте забележале дека го сторил/а. На секого понекогаш му е потребна мотивација, поддршка и пофалби, дури и ако тоа не се покажува јавно. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска