Сè што е потребно за градење на силен имунитет се наоѓа во оваа храна, советува американскиот доктор Марк Хајман. Добрите бактерии во организмот се важни за одржување на многу важни функции во организмот, како што се зајакнување на имунитетот, регулирање на расположението, одржување на еластичноста на кожата.
Постојат многу видови бактерии во нашиот дигестивен систем, а нутриционистите велат дека треба да обратите посебно внимание на овие 3 намирници за одржување на нормалната флора во дигестивниот тракт.
Бактеријата Akkermansia muciniphila е многу важна за одржување на здравјето на целиот организам, а особено на здравјето на мукозната мембрана, што е бариера помеѓу нашиот дигестивен систем и остатокот од организмот. Кога мукозната мембрана е здрава, нема ризик од појава на бактерии и несварени честички на храната и нивно достигнување во кр-вотокот.
Се верува дека A. muciniphila има антиинфламаторно дејство кај луѓето, а студиите покажале дека нејзиниот недостиг доведува до воспаленија во цревата, дебелеење и појава на дијабетес. Истражувањата покажале дека оваа бактерија може многу успешно да се користи во лекувањето и третирањето на наведените состојби.
Д-р Марк Хајман советува кои три намирници е потребно да ги консумирате секој ден за да останете здрави, а варењето на храната да се одвива правилно. “Секоја од овие намирници е богата со фитохемикалии, танинини, флавоноиди, кои имаат одлични антиоксидантни ефекти.”
Антиоксидансите се молекули кои се наоѓаат во нашето тело и се прва линија на одбрана на организмот, а нивната главна улога е да го штитат организмот од слободните радикали.
Зелен чај
Зелениот чај, заедно со познатиот црн чај, потекнува од видот Camellia sinensis. Во азиските земји, особено во Кина, зелениот чај се пие со векови, можеби и милениуми наназад. Денес, поради неговите извонредни ефекти, станува популарен низ земјите ширум светот.
За разлика од црниот чај, зелениот чај не подложи на процесот ферментација, па има значително подобра антиоксидативна содржина. Според истражувањата, 30% од сувата маса на зелениот чај, отпаѓа на антиоксидативните материи. Зелениот чај содржи моќни антиоксидативни материи, како полифеноли, антоцијанини и најразлични типови флавонодни антиоксиданти.
Поконкретно, за најзначајни антиоксиданти на зелениот чај се сметаат специфичните флавоноидни компоненти, наречени катехини. Интересно е да се каже дека овој тип на чај содржи многу повеќе корисни фитохемикалии во споредба со многу билки, зачини, овошки и зеленчуци кои важат за ,,супер-храна”.
Зелениот чај го подобрува здравјето на срцето
Постојат повеќе студии кои го поврзуваат антиоксидативниот состав на зелениот чај со оптималната метаболитичка функција, кардиоваскуларното здравје, па дури и со намалената смртност од било кои причини. Ваквиот ефект се должи пред сè на големата содржина на флавоноидни, антиоксиданти и антиоцијанини во зелениот чај.
Тие можат да помогнат во превенирањето на развојот на повеќето ризик – фактори за срцеви заболувања како зголемен кр-вен притисок, нарушен липиден профил (масти и холестерол). Дополнително, одредени фитохемикалии утврдени во овој чај можат да служат како т.н. бета – блокатори, диуретици, но и блокатори на калциумовите канали. Според една студија од Кина, повеќето од споменатите флавоноидни компоненти имаат силен антивоспалителен и антиканцероген ефект, а придонесуваат и за заштитата од нервни нарушувања и дијабет.
Подобро здравје на мозокот
Лабораториските студии покажуваат дека зелениот чај (заедно со црниот), може силно да превенира од разградување на ацетилхолинот, невротрансмитер силно поврзан со добрата меморија. Зелениот чај исто така ја попречува работата на специфични ензими кои придонесуваат за развојот на Алцхајмеровата болест.
Превенција од дијабет и инсулинска резистентност
Одредени студии ги поврзуваат флавоноидите и антоцијанините во зелениот чај со нормализирање на глукозните нивоа во кр-вта. Се смета дека поради своите моќни антивоспалителни својства, зелениот чај е корисен за луѓето кои се во ризик или веќе имаат дијагностициран дијабет тип 2.
Подобро здравје на очите и коските
Дел од антиоксидативните компоненти со кои е богат зелениот чај, наречени катехини, во одредени студии покажуваат силно заштитно дејство во однос на очите. Ова дејство се одвива преку превенцијата од оксидативно оштетување на очното ткиво.
Поуспешен процес на слабеење
Многумина тврдат дела зелениот чај може да помогне при намалување на вишокот килограми. Според едно пообемно истражување, постојат два типа на фитохемикалии во зелениот чај кои можат да поттикнат нешто поуспешен процес на слабеење и одржување на здравата телесна тежина.
Правилен начин на подготовка на зелениот чај, со цел зачувување на сите корисни хранливи компоненти
Во сад додајте 1 чаша вода, па загрејте до вриење. Откако водата ќе зоврие, оставете ја околу 5 минути да се подолади, а потоа префрлете ја во шолја и додајте го чајот (1 лажичка или филтер кесичка). Многу е важно водата да не врие и да биде околу 80 степени. Откако чајот ќе остои, поклопете ја шолјата со мала чинија и оставете ја да отстои околу 1 до 2 минути, пред да ја извадите филтер кесичката. По желба додајте лимонов сок или малку мед, па послужете.
Брусница
Брусницата е здрава нискокалорична храна, богата со растителни влакна, витамини и минерали, меѓу кои доминираат витамините Ц, А, Е и минералите како калциум, калиум, магнезиум и железо. Богата е со антиоксиданти, на што им должи силни лековити својства. Има антибактериски, антисептички, антиинфламаторни и диуретични ефекти.
На брусницата и се припишуваат многу лековити својства доколку се применуваат во правилна форма и во соодветна доза: помага при инфекции на уринарниот тракт, помага при едем (оток), штити од заболување на непцата, го намалува ризикот од рак, го зајакнува имунитетот, ја зајакнува микробиолошката флора на желудникот и цревата, помага при диспепсија (нарушена дигестија) особено предизвикана од Helicobacter pylori, помага во спречување на кардиоваскуларни заболувања, го намалува нивото на холестерол. Повеќе за брусницата прочитајте ОВДЕ.
Калинка
За оваа широко распространета билка се говори дека може да го запре времето, а нејзините зрна се сметаат како симбол на плодноста. Позната по својот богат вкус, висока содржина на витамин Ц и многу здравствени придобивки, ова овошје се смета за кралско.
Нејзиното потекло е од северна Индија и Иран, од каде што е пренесена од старите Грци на Медитеранот. Оттаму Маврите ја однеле во Шпанија, а Шпанците ја пренеле во Калифорнија, Чиле и Перу, каде што се култивира и денес.
Калинката се смета за едно од најздравите овошја, бидејќи изобилува со антиоксиданси и има антивирусни и антиканцерогени својства. Одличен извор на витамините А, Ц, Е и К, како и на фолна киселина, потоа калиум, селен и фосфор. За неа се вели дека е Божјо овошје, бидејќи е споменувана и во теолошките книги. Може да се јаде сурова, да се цеди како сок, но и како вино, а од нејзината сува кора се прави дури и чај.
Заштита од слободните радикали
Црвените зрна на калинката ја добиваат својата убава боја од полифенолите, кои се моќни антиоксиданси. Тие се одлични во борбата со слободните радикали, а калинката содржи најмногу антиоксиданси од сите овошја, па дури повеќе и од зелениот чај и црвеното вино. Слободните радикали се добиваат од токсичните елементи од непосредната околина, а предизвикуваат прерано стареење. Со користењето на ова овошје, може да ги заштитите клетките од оштетување и да го намалите воспалувањето.
Разредување на кр-вта и заштита на срцето
Со висок процент на витаминот Ц, ова овошје има својство да ја разретчува кр-вта и да прави превенција против нејзиното згрутчување. На тој начин, природно го балансира кр-вниот притисок и го намалува ризикот од срцеви и мозочни у дари.
Ги одржува артериите во добра состојба преку намалувањето на холестеролот и ја задржува нивната природна еластичност. На тој начин дејствува како превенција против артериосклерозата и го зголемува нивото на кислород во организмот.
Превенција при артритис
Бидејќи калинката има антивоспалителни својства и висока количина витамин Ц, таа се користи и при овој вид заболувања и на тој начин ја зголемува подвижноста, а со самото тоа и општата добросостојба кај човекот. Нејзините ензими може да помогнат и при третирањето на остеоартритис.
Хормонални проблеми
Калинката е богата со фитоестрогени, па така може да помогне при тегобите на менопаузата и хормоналните нарушувања при менструалниот циклус. Значително го намалува ризикот од карцином на дојка, бидејќи ја инхибира репродукцијата на канцерогените клетки, па дури и убива дел од нив.
Со редовното консумирање на нејзиниот плод, сок, лушпа или цветот, се зацврстуваат ноктите, се подобруваат растот и сјајот на косата, кожата останува хидрирана и еластична и се подобрува генералното расположение.
Подобрување на меморијата
Антиоксидансите со кои изобилува сокот на ова овошје го намалуваат прогресот на Алцхајмеровата болест и ја штитат меморијата. Дури и со мало консумирање на ова овошје или една чаша сок на ден, се подобрува вербалната и визуелната меморија.
Подобрување на варењето на храната
Калинката е богата со многу целулозни влакна, таа ја подобрува дигестијата, го подобрува апетитот и ја регулира работата на желудникот. Кората од калинка се користи како чај против акутна или хронична дијареја, а алкалоидите што таа ги содржи се одлични за борба против цревните паразити.
Антивоспалителни својства и зајакнување на имунитетот
Со подобрување на дигестијата, автоматски се подобрува и имунитетот, а витаминот Ц помага при продукција на антитела и така му помага на телото да се бори од инфекции и други видови заболувања. Исто така, состојките на калинката се одлични во борба против микроорганизмите и анализите покажуваат дека ова овошје е одличен избор при лекувањето на некои габични инфекции и бактерии. Калинката нуди одлична заштита против инфекциите и воспалувањата во устата, како гингивитис, перидонтитис и стоматитис.
Издржливост при физичка активност
Поради своите богати хранливи својства, калинката го подобрува спортскиот перформанс и ги ублажува уморот и болката. Го намалува оксидативниот стрес и ја подобрува циркулацијата, па така спортистите би требало да знаат за овие својства за да ја зголемат својата ефикасност на спортските терени.
Доколку веќе пиете некои лекови за разредување на кр-вта (антикоагуланти), потребно е да се консултирате со својот лекар и да добиете совет за тоа која количина е најдобра за вашето здравје.
Д-р Марк Хајсен предлага редовно да јадете овесна каша со додаток на брусница и калинки за појадок и да пиете чаша зелен чај со оброкот. На овој начин, ќе му ги обезбедите на организмот сите потребни материи за зајакнување на имунитетот. Не заборавајте дека тајната е во дозирањето. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска