Рецепт и видео презентација на Сара од Мои Домашни Рецепти – Бајадера за 10 минути. Оваа торта може да ја приготвувате за секој ден, но со неа можете да ги пречекате и вашите мили гости. Може да ја направите како торта во тркалезен калап или правоаголен, па ја сечете на штангли.
Потребни состојки: 200 г путер или маргарин, 200 мл вода, 200 г шеќер, 300 г мелени бисквити, 300 г мелени ореви, 2 супени лажици какао, 100 г чоколадо за готвење, 3 супени лажици млеко.
Постапка: Најпрво во едно тенџере ставете 100 г путер или маргарин и додадете 100 г шеќер и 100 мл вода. Темнџерето ставете го на рингла на умерена температура, па загревајте со повремено промешување додека состојките да се растопат и да се изедначат.
Кога ќе се растопат состојките, тргнете го садот на страна, па додека сè уште е топла, во смесата додадете 150 г мелени бисквити (во овој рецепт беа искористени плазма мелени кекси), 150 г мелени ореви и 2 супени лажици какао во прав. Добро промешајте со шпатула.
Кога состојките ќе се изедначат, смесата ќе се згусне и ќе добие конзистенција на мек, влажен песок. Пригответе помал калап со пречник на обрачот од 19 см (може да користите и друг сад со слични димензии, претходно добро обложен со проѕирна фолија за да можете да го извадите колачот).
Смесата додека е топла и мека распоредете ја на дното од калапот и добро израмнете ја површината. Потоа започнете да го приготвувате вториот слој: во тенџере ставете 100 мл вода, 100 г путер или маргарин, 100 г шеќер и исто како првиот пат, загревајте на рингла додека да се растопи.
Во смесата додадете 150 г мелени бисквити (плазма), 150 г ореви и мешајте додека состојките да се спијат и изедначат. Густата смеса рамномерно распоредете ја врз кафеавиот слој и израмнете. Тортата тргнете ја на страна малку да се олади и стегне додека ја приготвувате глазурата.
За глазура: Во помало тенџере ставете 100 г чоколадо за готвење искршено на коцки и 3 супени лажици млеко. Загревајте го на тивок оган додека убаво да се растопи и да стане течно. Глазурата излејте ја врз тортата и протресете го калапот за да се распореди рамномерно.
Тортата оставете ја да се олади на собна температура, па ставете ја во фрижидер барем половина час пред сечење. Потоа извадете го обрачот, сечете ја на триаголници или форми по ваш избор и послужете ја. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
II РЕЦЕПТ – Торта со вкус на бајадера – Највкусната торта!
Потребни состојки за кора: 6 јајца, 6 лажици шеќер, 6 лажици мелени ореви, 5 лажици брашно, ½ прашок за печиво и 300 мл фанта. Потребни состојки за 1.фил: 300 г мелена плазма, 100 г чоколадо, 200 мл фанта, ½ коцка маргарин/путер (125 г) и 50 г шеќер во прав
Потребни состојки за 2.фил: 200 г мелени ореви, 100 мл млеко, ½ коцка маргарин/путер (125 г) и 50 г шеќер во прав. Потребни состојки за 3.фил: 750 мл млеко, 3 пудинзи од ванила, ½ коцка маргарин/путер (125 г), 50 г шеќер од прав и 300 г шлаг
Постапка: Шест белки со 6 лажици шеќер изматете ги пенасто со миксер додека да добиете цврст снег, а шеќерот да се растопи. Потоа додавајте една по една жочка со постојано миксање додека да добиете изедначен крем. Рачно измешајте со лажица и додадете ги следните состојки: 5 лажици брашно, 6 лажици мелени ореви.
Смесата изедначете ја лесно превртување на лажицата, внимавајќи таа да остане пенлива и воздушеста. Добиената смеса за кора рамномерно распоредете ја калапот за печење (претходно обложен со хартија или намастен и набрашент), па печете ја на 180 степени, околу 20 минути.
Печената кора извадете ја од рерна и оставете ја на страна. Кога ќе излади натопете ја со 300 мл фанта. За фил 1: Половина маргарин (125 г) изматете пенасто со 50 г шеќер во прав, па потоа додадете 100 г растопено чоколадо, соединете, па додадете 300 г мелена плазма и 200 мл фанта.
Измешајте убаво додека да добиете хомогена смеса. За фил 2: Во посебен сад 200 г мелени ореви прелијте ги со 100 мл врело млеко и оставете ги на страна. Кога ќе изладат попарените ореви, измешајте ги со ½ пенесто изматен маргарин со 50 г шеќер во прав.
За фил 3: Половина литар млеко ставете на оган да зоврие, па сварете ги трите пудинзи разматени во 250 мл млеко. Сварениот пудинг соединете го со изматен ½ пудинг (125 г) и 50 г шеќер во прав. Добиениот фил поделете го на два еднакви делови.
Редење: Преку натопенатата кора ставете го филот со плазма, потоа ½ од филот со пудинг, па филот од ореви и на крај, вториот дел од филот со пудинг. Целата торта на крај филувајте ја со шлаг приготвен според упатството на пакувањето. / Coolinarika.com