Миомите на матката се еден вид мали бенигни тумори кои се појавуваат почесто кај жените во 30 – 40 година од животот, но постојат и случаи каде се појавуваат и многу порано. Најчесто се безопасни, но потребно е навремено да се третираат за да се превенираат компликации.
Најчесто причината е непозната. Познато е дека естрогенот (женски хормон) го стимулира растот на миомите, но тоа не е причината за негово појавување. Во суштина, сите тумори (како и миомите) се појавуваат кога се менуваат контролните механизми што го регулираат растот и развојот на клетките, најчесто по бременоста.
Мислењето на некои доктори е дека генетската мутација во рамките на матичните клетки е главната причина и првиот чекор во формирањето на тумор. Сите фиброциди првично се локализирани во мускулот на ѕидот на матката. Со текот на времето, тие растат кон празнината на матката (субмукозни миоми) или кон површината (суберозни миоми).
Миомите на матката се бенигни тумори. Миомата е формирана од сврзното и мускулното ткиво на матката, се јавува за време на хормонални нарушувања, цервикална киретажа, воспаление на матката или венерични болести.
Главните симптоми на миоми на матката се: болка и кр-вавење, дисфункција на околните органи. Можна е тешка и долга менструација, локализирана болка во долниот дел на стомакот и грбот. Продолжената болка сигнализира побрз раст на туморот. Инаку, растот на миомите на матката е прилично бавен процес. Може да поминат неколку години за да се открие миомот на матката, а во меѓувреме да не предизвика симптоми.
Клиничката дијагноза не е секогаш можна во раните фази на формирање на туморот. Поради дополнителна дијагноза, се прават ултразвучни, радиографски и ендоскопски наоди. Современата медицина ги третира миомите на матката со хируршки медицински методи.
Сепак, некои лекари веруваат дека најрадикален и најефикасен метод е – хистеректомија (ампутација на матката). Современите методи за лекување на миомите на матката можат значително да ја намалат големината на миомот и да им овозможат на жените да живеат квалитетен живот.
Исто така, постојат многу природни лекови за лекување на миомите. Многу луѓе го препорачуваат овој лек бидејќи, се покажал како навистина ефикасен. Сокот од цвекло има толку многу придобивки особено во комбинација со медот, што може да го пијат и здравите жени за зајакнување на имунитетот и превенција од формирање миоми на матката.
Потребни состојки: половина литар сок од цвекло, 250 г мед.
Подготовка: Во блендер ставете го цвеклото измешано со малку вода и направете сок. Во добиениот сок додадете го медот и постојано мешајте за медот да не падне на дното. Консумирајте една чаша од овој напиток после појадок, ручек и вечера. После неколку дена, ќе забележите видливо подобрување на состојбата. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.
Прочитајте ја и следната статија: Сокот од чувар куќа лекува желудник, цисти, миоми, хемороиди, чистење на организмот, подобрува имунитет
Истражувањата покажале дека оваа билка содржи органски киселини, флавоноиди, танини, шеќери, липиди и смоли кои му даваат против воспалително својство. Билката Чувар куќа е позната како силно средство за лекување на многу болести. Не само за внатрешни воспаленија, туку и за болести на кожата, воспалено уво… се користи за лекување на нашиот организам и одвнатре и однадвор.
Затоа, доколку сакате на најздрав можен начин да ја исползувате оваа билка, направете го овој рецепт со мед:
Потребни состојки: 180 г лист од чувар куќа, 500 г мед, 200 мл цеден сок од лимон.
Постапка: Наберете 180 г лист од чувар куќа, измијте го добро и ставете во блендер или во машина за мелење месо. Додадете мед и мешајте додека да се соединат состојките – мешајте со дрвена или пластична лажица за да нема реакции со метал.
Ќе добиете вкусна смеса, но за да не е многу „тешка“ исцедете неколку лимони – по вкус (до 200 мл, а најдобро е со 2-3 лимони), додадете во смесата и уште еднаш промешајте. Ќе добиете полутечна смеса. Складирајте во тегла, а теглата обвиткате ја со алуминиумска фолија. Чувајте во фрижидер и јадете по 1-2 супени лажици, трипати на ден, половина час пред оброк.
ЕДНОСТАВЕН РЕЦЕПТ ЗА СЕКОЈ ДЕН. Изблендирајте 10-тина листови чувар куќа свежо набрани и растворете ги со една чаша вода. Сокот се пие на гладно, пред оброк. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.