Денес билкарот Мартин Најдовски ни пишува за една многу интересна и необична билка околу која се испреплетени разни верувања, а во минатото ја користиле многу народи од различни краишта. Станува збор за билката со необичен изглед: Вербена (lat. Verbena officinalis)

„Вербена е повеќегодишна билка која расте како коров на секакви почви. Растението наликува на костур и се карактеризира со изразени модри цветови (розево – виолетови). Лековит дел од растението е само надземниот дел, односно за лековити цели се берат цветови, лист и гранчиња од истата.

Вербената се користи како најдобар лек против сите нервни заболувања од типот на меланхонија, депресија, анксиозност, панични напади, растевоженост, мигрени, главоболки и слично. Индијанските племиња ја користеле како билка за поттикнување на сонови, за мирен сон, против несоница и за јасни и чисти сонови.

Ја користеле исто така, кога сакале да комуницираат со птицата Кондор или со други „духови“ и „виши сили“, бидејќи верувале во нејзините способности да ги отвора портите од други светови. Вербената е исто и позната под името Железарка, поради тоа што наликува на железна жица.

Се користи и кај проблеми со дигестивниот тракт од типот на надуеност, кај проблеми со црн дроб, против инфекции на бели дробови, одлична е за бронхитис и силна кашлица, инфекции на уринарните патишта.

Се користи како средство за превенција од рак, против ревматични невралгии, за смирување на срцето, се користи како антивоспалително средство, а со тоа се користи кај артритис, ревма и ишијас. Помага и кај треска, грозница, поттикнува циклус, за жените е одлична бидејќи помага да се поврати изгубениот циклус или да се регулира истиот.

Според некои научни истражувања докажано е дека Вербената е и посилен природен антибиотик од синтетичките лекови (оние во аптека) кога станува збор за третирање на стрептокока. Надворешно во форма на облога се користи кај опе-котини, посе-котини и рани.

Билката делува како антиоксиданс, антивирусно, антивоспалително, антисептично, антибактериско, аналгетски и диуретично. Во минатото била користена како билка за заштита од „вампири“, „зли сили“ и „негативна енергија“. Ова се неколку лековити рецепти:

I Чај: 2 супени лажици од билката се попаруваат со 500 мл вода зовриена, отстојува 20-30 минути поклопено, а потоа се процедува и се пие по две шолји на ден.

II Тинктура: 100 грама билка се закиснува во 1 литар ракија домашна или ал-ко-хол. Стои 21 ден со секојдневно протресување, се процедува и пие по 20 капки, 3 пати на ден.

Контраиндикации: Не смеат да ја консумираат доилки и бремени како и луѓе кои земаат терапија за висок притисок (може истиот да го зголеми уште повеќе). Чајот се пие 7 дена со 3 дена пауза. Повеќе информации за билката и билните мешавини можете да го прашате Мартин на неговата фан страница Лилма.