Германската државна телевизија направила тестирање на обувките Crocs од разни производители и дошла до шокантни откритија, дека обувките се преполни со многу токсични и канцерогени хемикалии кои во телото навлегуваат преку кожата.
Станува збор за повеќето сандали кои можете да ги најдете на рафтовите од продавниците, посебно во летниот период.
Поточно, овие токсични обувки се имитација на популарните Crocs сандали. Овој податок го изнела германската државна телевизија WDR (Westdeutscher Rundfunk) која самостојно спровела анализа за овие летни сандали, пишува Avaz.ba
Забележана е присутност на коктел од опасни супстанции во сите пластични „Крокс-сандали“ без разлика на цената и класата на производот. Доколку и натаму сакате да ги носите овие обувки, од WDR за заштита препорачуваат да си носите и чорапи.
„Крокс-сандалите“ особено загрижуваат поради присуството на полициклични ароматични јаглеводороди, кои се мошне канцерогени.
Од десетте тестирани „Крокс-сандали“ шест ги содржат овие состојки во многу повисоки нивоа од препорачаните.
Оригиналните Crocs сандали немаат штетни материи, но во нив е забележано присуство на две растворливи супстанции кои можат да предизвикаат иритација на кожата и алергии.