Поради брзиот начин на живеење, лошата исхрана и недостиг на физичка активност, доаѓа до зголемување на мастите во крвта, а тоа веќе стана и болест на денешницата.

Понекогап при зголемени масти може да се забележат наслаги на масно ткиво со жолта боја во облик на плочки или јазолчиња на горните очни капаци или на некои други делови од телото.

Со напредување на болеста доаѓа до задебелување на ѕидните крвни садови, атеросклероза, за која придонесуваат и други ризични фактори (пушење, алкохол, никотин), а како последица од сето тоа за жал најчесто се јавуваат кардиоваскуларни болести кои се еден од водечките причини за смрт во светот и кај нас.

Доколку имате зголемено ниво на масти во крвта, ви го препорачуваме овој лек, бидејќи на многумина им помогнал.

Потребни состојки:

-суви смокви

-јаболкова киселина

Постапка:

Лекот пригответе го навечер, а пијте го наутро.
Земнете 3 суви смокви и добро избоцкајте ги со чепкалка за заби, од сите страни, а потоа ставете ги поголема чаша во која сте ставиле 200 мл јаболкова киселина.

Оставете да отстои преку ноќ и наутро изедете три закиселени смокви. Остатокот од оцетот не го фрлајте, туку во истата количина следната ноќ ставете три нови смокви, на истиот начин.

Овие 200 мл оцет користете ги седум дена, а поголемиот дел смоквите ќе го впијат. Затоа е потребно добро да се избоцкаат. Осмиот ден земете нови 200 мл јаболкова киселина и постапката повторете ја уште една седмица. Терапијата трае 14 дена.