Home Рецепти Брза вечера или појадок од стар леб во тава за пржење: На...

Брза вечера или појадок од стар леб во тава за пржење: На маса е за 20 минути и вкусот е неодолив

Рецепт на Драгана Михајловиќ од “Направи сама – Идеја за креативци” – Брза вечера или појадок од стар леб.

Направете експресно брза вечера или појадок од стар леб во тава за пржење. Ова е одлична идеја да го искористите стариот леб и да направите супер вкусна пица без да ја вкучувате рерната. На маса е за 20 минути и вкусот е неодолив. Одлично е за вечера или појадок.

Никогаш не го фрлајте стариот леб, секогаш може да направите неодолива вечера или појадок за многу кратко време, а вкусот е крцкав и не се споредува со купечката пица. Се прави многу лесно, а секогаш кога ќе го заборавам лебот, после неколку дена ја подготвувам оваа вечера која децата ја обожаваат. Одлично се комбинира со чаша јогурт, а состојките на пицата ги бирате вие.

Потребни состојки: неколку парчиња стар леб, 5 јајца, 120 мл млеко, прстофат сол, рендан кашкавал, сувомеснато месо по ваш избор, кечап, 1 домат, малку оригано и 1 лажица масло.

Подготовка: Изматете 5 јајца во длабок сад, изматете ги со маталка, а потоа додадете го млекото и прстофат сол. Соединете ги сите состојки, а потоа земете ги лепчињата стар леб и почнете да ги натопувате во разматените јајца, а потоа и да ги редите во претходно намастено тавче.

<

Кога ќе ги наредите сите парчиња леб во тавчето, остатокот од јајцата прелијте го врз лепчињата во тавата. Ставете го тавчето на рингла да се пече околу 10 минути, а одозгора поклопете со капак.

Во меѓувреме, исечете го доматот на тенки кругови и подгответе ги останатите состојки. Откога ќе се испече крцкавото лепче, превртете го на спротивната страна во тавчето и на површината која претходно се печеше од долната страна (а сега е горна), размачкајте кечап во рамномерен тенок слој.

Потоа наредете сувомеснати парчиња месо по ваш избор, ставете кисели краставички, маслинки или печурки и наросете рендан кашкавал во поголема количина и на крајот наредете ги парчињата домат.

Повторно поклопете ја смесата со капак и оставете да се пече 5 – 7 минути. Извадете ја пицата од тавчето и послужете ја. Може да направите неколку вакви пици, а состојките прилагодете ги по ваш избор. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.