Рецепт и видео презентација на Јелена Петровиќ од Бабината кујна – Погача мека како морска пена. Погачато е толку мекичка како морска пена, мирисна, лисната, празнична, прекрасна погача со путер со која ќе се гордеете кога ќе ја изнесете на трпезата и сите ќе ви побараат рецепт…
Потребни состојки: 700-800 г брашно, 300 мл млако млеко, 200 мл јогурт, 30 мл масло за готвење, 1 лажица шеќер, малку сол, 100-150 г путер, 2 јајца, 30 г квасец.
Постапка: растопете го квасецот во малку млеко и додадете една лажица млеко. промешајте, па кога ќе се растопи додадете го остатокот од млекото, јогуртот на собна температура и едно јајце. Сите состојки убаво озмешајте ги со жица-маталка, па постепено започнете да го додавате брашното.
Кога ќе го додадете целото брашно, замесете го тестото со рака, додека да добиете убаво, мазно и еластично, средно меко тесто. Покријте го и оставете го во садот да одмора додека да стаса на топло место околу половина час, и да го удвои својот волумен.
Потоа размесете го тесто врз малку набрашнета работна површина и развлечете го со помош на оклагија во кора со должина од приближно 50 см и широчина од 35 см. преку целата површина премачкјате ја со путер или маргарин кој претходно малку сте го растопиле или омекнале на собна температура.
Потоа вака премачканата кора започнете внимателно да ја виткате во ролна од подолгата страна. Кога ќе го свиткате ролатот, краевите бидејќи имаат неправилна форма, отсечете ги на широчина приближно 5-6 см, па ролничката свиткајте ја во прстен.
Ова правете го директво врз хартија, па заедно со харијата префрлете ја ролничката во тепсија или калап со димензија на пречникот 26 или 27 см. Ролатот – прстен сечете го од надворешната страна кон внатрешната на широчина од приближно 1,5 см, но не сосем до крај.
Едно исечено парче префрлете го кон внатрешноста на венчето, малку кон левата страна, а следното пресечено парче до него, само занесете го малку кон десната страна. Повторно едно парче кон внатрешноста на венчето, малку кон лево, па едно занесете кон десно.
Вртете ја хартијата и повторувајте ја постапката додека да се оформи целата погача, внимавајќи во внатрешноста на венчето да остане празнина, а надворешните парчиња не треба да ја преминуваат хартијата, односно калапот во кој ќе се пече оваа убава погача.
Ако ова го работевте врз хартијата на работна површина (вака е полесно), тогаш само ви преостанува погачата да ја префлите во тепсијата/калапот во кој ќе се пече и во средина да ги поставите отсечените делови. Краевите на погачата свиткајте ги околу погачата сите во еден правец. Потоа покријте ја со памучна крпа.
Оставете ја вака да одмори малку на топло место додека на нарасне и да го зголеми волуменот, па потоа премачкајте ја со изматена жолчка и наросете ја со сусам или семки по желба. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.
На половина од печењето покријте ја одозгора со алуминиумска фолија за да не изгори пребрзо (жолчката знае да даде таков ефект). Кога е печена извадете ја од рерната, покријте ја со крпа да се олади, а потоа сладете се во нејзиниот преубав вкус. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
II РЕЦЕПТ – ПАМУК погача – ПОЛНЕТА ПОГАЧА, подобра и помека дури и од пита со сирење. За да ја приготвите оваа пита ќе ви бидат потребни околу 600 г брашно , 30 г квасец, 250 мл топло млеко, 2 јајца, 50 мл масло, 1 лажица маргарин, 1 лажичка шеќер, малку сол.
За фил: 200 г сирење и едно јајце, а за премачкување ќе бидат потребни една жолчка, малку масло и семки за одозгора или семе по желба, крупна сол и слично.
Постапка: Растопете го квасецот во млако млеко, додадете шеќер, јајца, масло, брашно и сол, па замесете помеко тесто. оставете го да стасува, а потоа со оклагија развлечете тенка кора и премачкјате ја со маргарин. Исечете ја на правоаголници.
Сирењето издробете го, додадете жолчка и изедначете. Со лажичка вадете од филот и ставајте на секој правоаголник. Виткајте и добро притиснете со прстите за да формирате ролнички. Тепсија или калап со димнзија 24 см добро намастете со масло.
Секоја ролничка косо исечете ја на половина и редете во тепсијата така што сечениот дел секогаш треба да биде нагоре кон ивицата на плехот. Се реди во круг, па следејќи го кругот кога ќе се пополни се реди и помеѓу, сè така додека да се исполни целата тепсија.
Прекријте ја со кеса погачата и оставете ја на топло да стасува додека да го зголеми волуменот, па премачкјате ја со силоконска четка со разматена жолчка и малку масло, а одозгора наросете ја со црно семе, сусам, семки, крупна морска сол или нешто по ваша желба.
Погачата ставете да се пече во добро загреана рерна на 200 степени околу 40 минути или печењето прилагодете го според вашата рерна. оставете да излади, а потоа уживајте во нејзиниот вкус. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.