Непријатната кашлица е многу честа, особено во овој период при постојани температурни промени во текот на денот, но постои лек кој се крие во вашиот дом.
Дознајте го рецептот за вкусниот сируп со кој ќе ја излекувате кашлицата и на телото ќе му ја вратите енергијата.
Овој сируп е толку вкусен што можете да си го пиете и од чисто задоволство.
Ловорот му дава посебен вкус и тон на слаткост и горчина, лимонот му додава своја посебност со киселината а шеќерот е тој што ги врзува и ги „вози“ овие состојки и со водата ги пренесува низ телото. Пробајте па јавете ни ги резултатите.
Потребни состојки:
6 листи ловор
250 мл вода
6 лажици шеќер (најдобро е да се користи мускоцалдо, кафеав шеќер)
1 лимон
ПОСТАПКА:
Прво зовријте ја водата. Додадете ги ловоровите листови и гответе поклопено уште околу 6-10 минути.
Извадете ги листовите, додадете шеќер и сок од еден цел лимон.
Добро промешајте и почекајте целиот шеќер да се стопи.
УПОТРЕБА: по лажичка неколку пати дневно. Првиот ден можете да консумирате по лажичка секојпат кога ќе ви се интензивираат нападите на кашлица.
Напомена:
Сирупот можете да го чувате неколку дена во фрижидер. Може да се консумира ладен или топол. Доколку имате и други симптоми на настинка, посетете лекар.
Овој сируп е особено добар за сува кашлица.