Коментар: Оваа кекс торта ја правам веќе 30 години. Сум правела и други торти, ама секогаш се враќам на оваа. Филот е прекрасен а и самата торта.
ФИЛ:
Добро изматете 1 путер или маргарин за торти (250 г) со
200 г шеќер.
Потоа додадете:
200 г РАСТОПЕНО ЧОКОЛАДО и матете.
На крајот додадете однапред приготвен и изладен 1 ПУДИНГ од ванила со 0,5 литар МЛЕКО.
Петит кексите (или други бисквити по ваш избор) кратко се натопуваат во ладно млеко.
Јас редев 6х3 кекси во 5 редови, односно тоа ми беше подлога.
Може и 4 редови (подлога) или одредете ја величината и формата по желба.
Секој ред, односно подлога од кекси се премачкува со фил и повторно се реди нов слој бисквити и фил, додека да се потрошат продуктите. На крај се украсува.
Оставете во фрижидер да се стегне.