Поради дожд и разлика во температурата, голем број се соочуваат со проблемот кој го предизвикуваат замаглените прозори во својот автомобил. Лошата видливост пречи и го прави возењето опасно.

Постои решение за овој проблем. Доста е едноставно, но навистина, многу ефикасно.

Еве што треба да направите за повеќе никогаш да не ви се замаглуваат прозорите:

Ќе ви биде потребно:

-било какви памучни чорапи

-песок-апсорбер на влага за мачки (се продава во продавници за миленичиња)

Постапка:

Во чорапот ставете песок (може да користите и силико гел), наполнете ја до половина.​

Врзете го и ставете го другиот чорап.​

Чорапот ставете го на било кое отворено место во автомобилот.​

Песокот апсорбер ќе ја впие влагата од воздухот, па затоа прозорите нема да се замаглуваат, ќе останат чисти и проѕирни.