Сè е готово за само 15 минути, а вашите најмили ќе бидат воодушени од јадењето. Пригответе нешто поинаква варијанта на добро познатиот појадок, ќе бидете воодушевени од вкусот. Сите потребни состојки сигурно веќе ги имате во вашата кујна.
Потребни состојки: 150 г палента, 400 мл вода, половина лажичка сол, 100 г шунка, 100 г кашкавал. За похување: 3 јајца, 10 лажици брашно, 100 мл масло. За сос: 1 чаша густ јогурт или кисела павлака, 1 лажичка сенф и малку сечкан свеж лист од магдонос.
Постапка: Во едно тенџере ставете ја водата, малку масло и сол, па вклучете ја ринглата и оставете да зоврие. Пред самото зовривање кога ќе се појават првите меурчиња, истурете ја внатре палентата и мешајте постојано додека да набубри и згусне.
Веднаш намалете го огнот и внимавајте да не ве испрска. За приближно две минути палентата е готова, сварена. Би требало да добиете нешто погуста смеса од вообичаено, а ова е потребно за да можете полесно да ги формирате плескавиците.
Топлата палента излејте ја врз чинија или некој сад претходно обложен со хартија за печење. Развлечете ја смесата во тенка кора со помош на лажица или шпатула, па оставете ја така да се лади. Треба да биде доволно изладена за да можете да ја земате со раце.
Зафаќајте од смесата со раце, во средината ставете парче шунка и кашкавал, па затворете го парчете, обликувајте во форма на плескавица, но внимавајте да биде добро затворена за да не може да истекува кашкавалот при пржењето или печењето (по ваш избор).
Претходно пригответе ги шунката и кашкавалот, исечкајте ги на мали коцкички или изрендајте ги, како ви е полесно, па во секоја плескавица ставајте од филот во средина. приготвените плескавици редете ги на рамна површина обложена со хартија или фолија.
Во посебна чинија изматете две јајца и посолете ги малку. Подгответе и десет лажици брашно за валкање. секоја плескавица најпрво натопувајте ја во јајцата, а потоа валкајте ја во брашното, па спуштајте ја во тава со умерено загреано масло за пржење.
Вака приготвените плескавици од палента пржете ги рамномерно од двете страни додека да добијат златножолта боја. Кога се убаво пржени вадете ги во чинија обложена со хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија.
Во помал сад пригответе го сосот: ставете грчки јогурт или некој сличен густ јогурт, додадете сенф и ситно сечкан магдонос. Плескавиците од палента послужете ги со овој сос и сите ќе бидат воодушевени од вкусот. / Stvarukusa.rs