Потребни состојки за бисквит:
6 јајца
6 лажици шеќер
2 лажици масло
3 лажици какао
6 лажици брашно
1 прашок за печиво
Прелив:
100 мл шеќер (пола чаша)
200 мл вода (една чаша)
Крем:
750 мл млеко
2 пудинзи од ванила
1 лажица густина
10 лажици шеќер
250 г маргарин/путер
1 ванила шеќер
Глазура:
130 г чоколадо за готвење
6 лажица масло
Постапка:
1.Јајцата измиксајте ги со шеќер, додадете масло и на крај брашно измешано со какао и прашок за печиво. Смесата излејте ја во плех 26х38 см. Ставете го да се пече, а кога ќе биде готов извадете го малку да излади и прелијте го со врел прелив.
2.За прелив зовријте вода со шеќер.
3.КРЕМ: 250 мл млеко измешајте со пудинг и густин, а во остатокот додадете шечер и ставете да зоврие. Во зовриеното млеко додадете ја смесата со пудингот. Сварете густ крем. Изладете и повремено промешајте. Во изладениот крем додадете пенасто изматен путер со ванилин шеќер, миксајте подолго време, кремот да биде попенес.
Премачкајте врз бисквитот и оставете преку ноќ во фрижидер, а потоа ставете ја глазурата. Чоколадото и маслото растопете ги на пареа.