Рецепт и видео презентација на Милица Михајловиќ – “Уштипци од тиквички”. Ова е нешто лесно, брзо и едноставно за вечера или појадок. Колку и да сте уморни после работа, ова можете да го напрвите. Уштипците се меки, заситни и многу вкусни.
Потребни состојки: 1 поголема тиквичка, околу 100 г брашно, 1 јајце, 1 мала лажичка сол или по вкус, 2-3 лажици растопен путер или масло за јадење.
Постапка: Тиквичката измијте ја со ладна вода, излупете ја, па изрендајте ја од крупната страна на рендето. Посолете ја, добро промешајте, па истресете ја во цедалка. Добро изгмечете ја за да ги испушти соковите и да се претвори во густа смеса.
Во ренданите и исцедените тиквички додадете едно цело јајце и малку брашно. Добро промешајте за да се соединат состојките во хомогена смеса. Брашното постепено додавајте го, промешувајте за да се впие во смесата, па потоа додадете го остатокот.
Кога ќе го додадете целото брашно треба да добиете меко тесто кое е со аморфна структура. Во тава загрејте малку масло, па од смесата црпете со лажица и спуштајте ги уштипците да се запржат од двете страни. пржете ги по неколку минути додека да заруменат убаво.
Пржените уштипци вадете ги во чинија обложена со хартиена салветка за да ја впие вишокот маснотија. Уштипците се вкусни и топли и ладни, а може да ги послужите и како прилог на главното јадење. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
II РЕЦЕПТ – Вкусни и сочни плескавици од тиквички од рерна: Здрав и вкусен ручек, прсти да излижеш. Рецепт и видео презентација на Јелена Петровиќ. Доколку сте љубител на тиквичките, испробајте го овој нов рецепт.
Вегетаријанските плескавици нема да ве остават рамнодушни. Едноставно се приготвуваат и не се пржат во длабоко масло. Единствено време што ќе ви е одземе е миењето и рендањето на зеленчукот.
Потребни состојки: 1 мала тиквичка, 1 поголем морков, 1 поголема пиперка, 4 чешниња лук, 1 китка магдонос, 2 јајца, 2 лажици презла, 2 лажици брашно, сол, масло
Постапка: Тиквичката убаво измијте ја, излупете ја и изрендајте ја. Мокковот исто така измијте го, исчистете го и изрендајте го на ситниот дел од рендето. Пиперката сечкајте ја на ситни коцкички. Промешајте го иситнетиот зеленчук и посолете го по вкус.
Оставете 10 минути за да се ослободат соковите и да се поврзат вкусовите. Потоа исцедете добро со раце. Во исцедениот зеленчук додадете истолчено/изгмечено лукче, јајца, брашно, презла и ситно сечкан магдонос.
Убаво промешајте за да се соединат и изедначат состојките. Плехот обложете со хартија за печење и премачкјате го со малку масло. Вклучете ја рерната да се загрева на 190 степени.
Со навлажнети или намастени раце правете ги плескавиците и редете ги во плехот. Печете на 190 степени околу 40 минути, додека убаво да заруменат. На половина од печењето плескавиците од тиквички премачкајте ги со масло и вратете ги во рерна. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.