Опис и потекло. Шафран (лат. Crocus sativus) потекнува од фамилијата Iridaceae кое има кратка сезона на цветање – само три недели годишно. Најчесто цвета во март. Шафранот има подземно стебло, а цветовите имаат шест ливчиња, кои доаѓаат во сите бои.

Лисјата се долги, тесни, со бела линија по должината на листовите. Зачинскиот шафран е познат уште од античко време. Се користел во Месопотамија пред 5000 години, а се споменува и во Библијата.

Шафранот е симбол на мудрост и богатство, материјално и духовно. Името го добил по персискиот збор “за’фаран”, што буквално значи „биди жолт“. Има репутација на најскап зачин во светот. Шафранот е екстремно ценет зачин кој се користи речиси низ целиот свет и честопати се нарекува „крал на зачините“.

Иако е најпознат како зачин, поради специфичната жолта боја, се користи и како природна боја во прехранбената индустрија и за медицински цели. Денес се одгледува на полиња од Пиринејскиот полуостров до Индија, а најголеми производители се Шпанија и Иран со повеќе од 80 проценти од светското производство.

Едно британско истражување докажа дека шафранот успешно го враќа видот кај постарите лица. Учесниците во овие студии биле пензионери, постара популација со оштетен вид. Нивниот вид значително се подобрил по консумирање на шафранот.

Во морето од лековити билки, шафранот има посебно значење, зачин што многумина го нарекуваат кралот на сите зачини. Неговите лековити својства се запишани во најстарите медицински книги на светот, додека многу сведоштва зборуваат за неговите неверојатни лековити својства.

Некои велат дека го спречиле ширењето на ракот благодарение на овој зачин, додека некои едноставно престанале да носат очила, а други сведочеле за неговите многу силни антидепресивни својства.

Сè на сè, се повеќе се зборува, за Божјиот лек, шафранот чија исцелителна реалност станува сè повеќе попопуларна секој ден. Шафранот (Crocus sativus) некогаш се користел како лек против жолтица, за лекување на чума и сипаници. Исто така се користел против болка и грчеви, за да се намали болката во стомакот и бубрезите и предменструалните тегоби.

Каротеноидите кои се наоѓаат во шафранот имаат антиканцерогени и имуномодулаторни својства. Екстрактот од метанол во шафранот кој се наоѓа во одредени концентрации го неутрализира оксидирачкото дејство на слободните радикали до 65%, што значи дека шафранот може да дејствува и како антиоксиданс.

Исто така се користи како антидепресив за лесна до умерена депресија бидејќи делува на серотонинот на мозокот (хормонот на среќата), слично како лекот Флуоксетин. Шафранот традиционално се користи во кинеската медицина за подобрување на циркулацијата на кр-вта и лекување на модринки.

Активната состојка кроцетин исто така може да го намали нивото на холестерол и триглицериди во кр-вта и да помогне во лекувањето на атеросклероза и артритис. Едно британско истражување докажа дека шафранот успешно го враќа губењето на видот кај постарите лица.

Учесници во овие студии беа пензионери, постара популација со оштетен вид. Нивниот вид значително се подобрил по консумирање на шафран. Се верува дека шафранот влијае на количината на маснотии во окото, што резултира во поголема отпорност на клетките во окото.

Исто така се користи како лек против болести на бубрезите, го регулира варењето на храната, ги ублажува главоболките, мигренрната и вртоглавиците. Ефикасен е и во лекување на акни и други кожни болести. Ги олеснува грчевите и може да се користи и како диуретик.

Иако истражувањата покажаа големи лековити својства на шафранот, се препорачува да се комсумира во мали количини – до 200 мг на ден.

Освен како зачин, можете да го користите и како чај кој е многу популарен во некои земји. Само земете неколку исушени лисја и ставете ги во чаша со топла вода. Чајот треба да се пие неколку пати на ден за да се покаже ефикасност. Од ова не е тешко да се заклучи дека шафранот помага во заздравување на надворешните рани и повредите на внатрешната мукозна обвивка, особено на желудникот.

Затоа, се препорачува да пиете чај двапати на ден за чир на желудник и дуоденум. Постојат оние кои тврдат дека чајот од шафран е добар за псоријаза и синдром на нервозни црева. Шафранот е Божји лек кој е со човекот со векови, му помага и го „воскреснува од мр-твите“. Денес, во светот на развиената аптека, ретко се наоѓа ваков лек како шафранот.

Подготовка на јадења со шафран

Постои еден начин да го подготвите шафранот, а во меѓувреме да го извлечете максимумот од овој исклучително скап зачин. Тоа може да го направите со печење во тава или рерна на највисока температура (250-300 ° C) околу 30 секунди, за да ја извлечете преостанатата влага од нив за стебленцата да бидат комплетно суви. А потоа кога ќе се излади да го сомелете во прав.

Шафранот најчесто се додава во јадење во форма на зачин како и во разни ладни сосови, супи од морска храна, карфиол до обична супа од компир, тестенини и пилешко, грав со зеленчук, зеленчук на скара, леб и колачи, овошни салати и многу други јадења.

Шафранот се додава на специјалните јадења во многу кујни во светот поради неговиот препознатлив вкус и боја. Тој се користи и во кујните на Централна Азија, арапските земји, особено во кујната на Иран, кој воедно е и најголем производител на шафран.

Во Европа, се користи главно во медитерански јадења, често во комбинација со риба и морски плодови. Познат пример е италијанското рижото ала Миланезе. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска