Home Рецепти Брз кокос колач кој е многу сочен и мек како пена, а...

Брз кокос колач кој е многу сочен и мек како пена, а се приготвува без масло и маргарин

Рецепт и видео презентација на Ивана од “Шерпица” – Одличен сочен колач со кокос без масло – децата ќе бидат воодушевени. Колачот е сочен и мек како пена, просто се топи во уста. за сите љубители на кокосот, ова е полн погодок. запишете си го овој рецепт, зошто често ќе го правите.

Потребни состојки: 100 г кокос, 200 мл вода, 6 јајца, 150 г шеќер, 250 г брашно, 1 лажичка прашок за печиво

За прелив: 100 г бело или црно чоколадо. За наросување одозгора малку кокос, 300 мл млеко. За приготвување на колачот се користи плех со димензии од приближно 33х25 см, а се пече на 180 степени околу 35 минути.

Постапка: Во еден сад попарете 100 г кокос со 200 мл врела вода. Промешајте и оставете да излади. За тоа време одвојте ги белките од жолчките. Прво изматете ги пенасто белките со постепено додавање на 150 г шеќер. Миксајте додека да добиете цврст снег, а шеќерот да се истопи.

<

Во снегот од белки започнете да ги додавате една по една жолчките. Матете додека убаво да се соедини. Миксерот повеќе не ви треба. Во смесата од јајца додадете просеано 250 г брашно и една лажичка прашок за печиво.

Внимателно промешајте со лажица или жица за матење за да остане смесата воздушеста. Потоа, додадете го и натопениот и набубрен кокос и уште еднаш промешајте.

Плех со димензии 33х25 см (може и малку поголем плех, колачот ќе биде понизок), многу малку намачкајте го со масло а потоа и набрашнете го, па излејте ја смесата и рамномерно распоредете. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35 минути. Ако користите поголем плех, тогаш печењето е пократко.

За прелив: Во 300 мл млеко ставете 100 г бело чоколадо, па загрејте на многу тивок оган додека да се растопи чоколадото. Оставете го малку да излади.

Печениот колач додека е топол прелијте го со изладениот прелив и почекајте да се впие. Одозгора наросете со кокос, па можете да сечете и послужите. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.