Болките во грбот и рамото се хронична состојба со која се соочуват луѓето секојдневно. Постојат голем број фактори кои се причинители за болки во грб: затегнати мускули, ’рбетна стеноза, дегенерација на ’рбетот, дискус хернија, трауми и други болести.
Според голем број експерти, болките во грбот се почести кај луѓето кои не се многу физички активни и имаат прекумерна тежина.
Како што ви е познато, премногу калоричната и масна храна резултира со вишок тежина која предизвикува болки во грбот.
Исто така, неправилното држење на телото, подгрбавеноста или носење на претежок товар, носење на високи потпетици, може да предизвикаат ваков вид на болки.
Покрај ова, стареењето и артритисот може да придонесе за зголемување на болките во грбот.
Ако сте пушач, најверојатно имате послаба циркулација, па вашите дискови во грбот не се во можност да ги добијат сите потребни хранливи материи.
Исто така, хроничната кашлица која е честа кај пушачите може да предизвика болки во грбот. Кај пушачите лекувањето трае подолго.
Како да се ослободите од болките во вратот и грбот на природен начин:
– Консумирајте повеќе витамин Д.
– Одморете се добро.
– Вежбајте секој ден.
– Направете топли и ладни облоги.
– Откажете се од пушењето.
– Регулирајте ја телесната тежина.
– Избегнувајте да користите уреди кои бараат постојана наведнатост или неправилна положба на телото.
– Дишете длабоко.
– Најдете начин да го елиминирате стресот.
– Вежбајте јога.
– Вежбајте пилатес.
– Земете терапија со масажа.
– Користете ладни облози.
– Ставете топла перница.
– Вежбајте секојдневно за да ги зајакнете мускулите на грбот.
– Не спијте на стомак.
– Размислете за купување на нов душек.