Дали сте зависник од храна?

Зависност од одредена храна значи дека имате склоност да се прејадувате од некој вид на храна до толку што после ви е лошо, а освен што ви прават дигестивни проблеми, исто така чести се и главоболките и анксиозноста.

Последиците од зависноста од храна не се нималку неопасни, па дури, зависноста може да предизвика тешки и хронични болести, како дебелина, дигестивни пречки, срцеви проблеми, но може да резултира и со депресија, изолација и ниска самодоверба.

Научниците во новата студија откриваат кои намирници создаваат зависност, по анкетирање на 504 лица.

Кои намирници се проблематични, а кои не се, прочитајте подолу:

Скалата за вреднување е од 1 до 7.

ХРАНА КОЈА ПРЕДИЗВИКУВА НАЈГОЛЕМА ЗАВИСНОСТ

Помфрит = 3,60

Сладолед = 3,68

Колачи = 3,71

Чипс = 3,73

Чоколадо = 3,73

Пица = 4,01

ХРАНА КОЈА ПРЕДИЗВИКУВА НАЈМАЛА ЗАВИСНОСТ

Брокула = 1,74

Интегрален ориз = 1,74

Јаболко = 1,66

Грав = 1,63

Морков = 1,60

Краставица = 1,53