Потребни состојки:

200 мл пиво

200 мл масло

100 г гриз

500 г брашно

1 кесичка прашок за пециво

Фил:

100 г суво грозје

100 г мелени ореви

2 лажици рум

Шербет:

650 г шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

500 мл вода

Постапка:

Подготовката ја започнуваме со шербетот и го оставаме да се лади.
Замесуваме тесто од наведените состојки и си киниме мали парчиња. Ги рассукуваме тенко со сукало на почетокот ставаме од филот и го свиткуваме во ролна-кифличка.

Одозгора ги засекуваме со нож, правиме парарелни засеци. Ги печиме на 180C додека не се зацрвенат. Ги преливаме печените колачиња со изладениот шербет и ги посипуваме со мелени ореви.