Германските научници откриле дека доколку го примените следниот трик – можете да изедете 9% помалку храна, па со самото тоа имате и помали шанси да се здебелите и да ја упропастите линијата.

Кога јадете во темнина, јадете 9% помалку храна отколку кога би јаделе на светлина.

До овој податок дошол тим од научници кои резултатите од студијата ги објавиле во медицинското списание Quality and Preference.

Тоа би можело да биде рецепт за слабеење, бидејќи како што тврдат, суштината е во тоа дека погледот на храна го отвора апетитот, па би требало да не ја гледаме ако сакаме да ги намалиме килограмите.

ПЛАН ЗА СЛАБЕЕЊЕ:

Научниците од Германскиот Универзитет Констанц спровеле испитување на две групи доброволци, од кои првите јаделе со врзани очи, а другите со отворени, бидејќи била контролна група.

Пред секој учесник по 15 минути стоеле три чинии со по 95 грама сладолед. Излегло дека оние кои јаделе со затворени очи изеле 9% помалку храна, односно 105 грама сладолед по лице, додека контролната група изеле по 116 грама.

За да го разберат тој механизам на ситост во темнина, научните ги испитале учесниците за впечатоците и го заклучиле следното:

“Без поглед на храна испитаниците се фокусирале на она што во моментот го чувствуваат додека јадат, па го прекинувале оброкот штом ќе почувствувале ситост”, објаснила д-р Брита Ренер, автор на студијата.