Потребни состојки:

За шербет:

500 г шеќер

800 мл вода

½ лимонов сок

2 пакетчиња ванилин шеќер

За тесто:

1 ½ мала шолја (од 70-80 мл) шеќер

3 мали шолји масло

2 јајца

2 лажички кисела павлака

¼ лажичка сол

150 г кокос

1 прашок за печиво

500-600 г брашно – по потреба

1.Најпрво се приготвува шербетот:

Во тенџере се ставаат состојките, па се вари на среден оган. Откако ќе зоврие се остава уште 15минути, па се трга од оган и се остава да излади.

2.Тесто:

Во еден сад изматете ги јајцата со шеќерот доека тој се растопи.

Додадете ги течните состојки и уште малку матете да се соединиат.

Додадете ги сувите сосотојки-брашно по потреба да се замеси меко тесто што не се лепи за рацете.

Од тестото кинете парчиња со величина по ваша желба. Направете ги во форма на круг или долгнавести.
Ако сакате може и да ги притискате на ренде за да добијат шара.

Може да одделите малку од тестото и во него да ставите какао и да правите мали топченца, кои ќе ги ставате внатре во тестото. (Го земате белото го развлекувате малку на раката, го ставате кафеното и го виткате, па го оформувате).

Постапката повторувајте ја додека имате материјал.

Урмашиците ставајте ги на намастен голем плех, редете ги малку оддлаечени бидејќи при печењето нараснуваат малку.

Печете ги на 200 степени 20-25 мин. додека заруменат повеќе или помалку во зависност какви ги сакате.

Уште додека се топли прелијте ги со ладниот шербет. Наместо да ги прелевате може да ги потопувате во шербетот.

Можете исто така, да ги валкате во кокос или ореви по желба. Најдобро да ги оставите 1 ден преку ноќ за да може да се впие шербетот.