Мекичка, лисната, се топи во уста, одоколу е фино крцкава богато наросена со сусам. Идејата за оваа погача доаѓа од мини печивата со сирење, полжавчињата, но самото приготвување, сепак е поинакво. Можете да ја приготвувате за разни прилики, бидејќи покрај тоа што е вкусна, исто така е и многу декоративна.
Спределете го рецептот со вашите пријателки!
Потребни состојки:
1 кг 200 г брашно (+,-)
40 г свеж квасец (или 1 ½ кесичка сув)
200 мл млеко
200 мл јогурт
100 мл вода
200 мл масло
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
Сите течни состојки треба да се млаки, јогуртот и маслото на собна температура.
250 г маргарин (за колачи и печива)
1 јајце за премачкување
250 г крем сирење (јас измешав малку крем сирење, фета и павлака)
50 г сусам
Ако имате крупна, морска сол, одлично е да се нароси врз погачата пред печењето.
-сол за филот (само ако сирењето не е солено)
ПОСТАПКА:
Квасецот измешајте го со шеќер, лажичка брашно и млако млеко. Поклопете и оставете да отстои на топло место да се активира.
Потоа додадете масло, јогурт, вода и брашно. Во брашното замесете фино тесто. Покријте го со крпа и оставете да отстои околу 30 минути да надојде.
Премесете го и поделете го на два делови. Еден дел развлечете го во голем круг, премачкајте со 125 г сирење, нарендајте одозгора 125 г маргарин.
Вториот дел од тестото исто развлечете го па преклопете кон средината па преклопувајте понатаму како што е прикажано на видеото.
Оставете да отстои во тепсијата околу 20 минути, премачкајте со јајце и поросете со сусам. Тепсијата или калапот, шерпата – треба да биде подлабока со помал дијаметар за да може погачата да добие во висина.
Печете на 200 степени околу 35 минути или додека да порумени или додека не добие боја онака како што вам ви се допаѓа.
Кога ќе биде испечена веднаш извадете ја од тепсијата.