Обидете се да засадите ѓумбир, и така во секое време ќе го имате свеж. Купете корен од продавница или уште подобро, купете органски ѓумбир со пупки на него.
Ѓумбирот сака топлина, делумна сенка и богата и хранлива почва. Можете да го одгледувате во саксија.
Ѓумбирот се размножува како компирот, па ако вашиот корен е поголем и со повеќе пупки, можете да го расечете и да добиете повеќе коренчиња.
Засадете го плитко во почвата со пупките нагоре и полијте го со вода. За разлика од другите растенија, ѓумбирот расте поспоро, а неговите зелени листови можат да достигнат до ½ до 1 метар.
Ризомите можете да ги засадете во било кое време, зошто билката расте за неколку месеци, и колку подолго ја чувате, толку поголема ќе биде вашата жетва.
Ризомите имаат корења кои ќе ги отстраните при нивно користење. Ако забележите пупки на коренот, одвојте ги за да можете ѓумбирот да го расадите.
Корените обично се берат на есен кога листовите му умираат. Чувствителен е на мраз, па затоа зимно време доколку го зачувате,треба да го внесете внатре на потопло и да не го залевате зошто тоа е тропско растение.
Напролет кога ќе затопли, можете повторно да го изнесете и да за го залевате со вода.