Перењето алишта обично не е нешто во кое уживаме, но секако мораме да переме.

Сигурно нема ништо полошо од закоравени дамки кои едноставно не сакаат да се елиминираат од облеката, без разлика колку пати сме се обиделе.

Со овој евтин и едноставен начин многу ќе ви се олесни работата, бидејќи не само што ќе се ослободите од дамките, туку вашите алишта ќе бидат свежи како кога сте ги купиле. За тоа ќе ви биде потребна само бела, алкохолна киселина.

Во продолжение ќе ви откриеме неколку начини на кои можете да го користите оцетот, а вашите алишта секојпат да бидат свежи и чисти како првиот пат.

АЛКОХОЛНА КИСЕЛИНА КАКО ОМЕКНУВАЧ

Алкохолната киселина всушност има ист ефект како омекнувачот. Наместо омекнувач, ставете бел оцет, па ќе добиете уште помеки алишта со овој еколошки омекнувач.

ОТСТРАНУВАЊЕ ДАМКИ ОД ПОТ

Киселината во оцетот ќе ви помогне да се ослободите од грдите дамки од пот или дезодоранс, особено од белата облека.

Оцетот ја зголемува моќта на вашиот детергент, а се’ што треба да направите е да ставите половина чаша (околу 50 мл оцет) во вашите алишта пред перењето и така ќе ја зголемите моќта на детергентот и ќе ја одржите нивната боја.

Намалување на талог од детергентот

Половина чаша оцет исто така, ефикасно ќе го намали талогот од детергентот на вашите алишта, бидејќи токму тој и штети на вашата кожа.

Отстранува тврдокорни дамки

Ако на облеката имате неколку дамки кои никако не можате да ги исперете, потопете ги во врела вода со половина чаша оцет, оставете преку ноќ и потоа исперете ги како и обично.

Споделете го овој текст со вашите пријатели за и тие да бидат упатени во чудесните делувања на оцетот врз алиштата.