Денес со вас драги мои сакам да споделам рецепт за една неверојатно вкусна и едноставна торта. Нас нè воодушеви, а се надевам дека и на вас ќе ви се допадне. Рецепт и видео презентација на Снежана од „Да Готвиме Лесно” – Плазма торта, едноставна а многу вкусна.
Потребни состојки за кора: 4 јајца на собна температура, 8 лажици шеќер, 100 мл масло, 150 мл млеко, 8 лажици брашно (160 г), 2 лажици какао во прав (40 г), 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 3 лажици мелени ореви и една кесичка 1 ванилин шеќер.
За да го приготвите првиот фил ќе ви бидат потребни следните состојки: 150 г путер или маргарин, 100 г шеќер во прав, 200 г мелена плазма, 250 мл млеко. Состојки кои ќе ви бидат потребни за вториот фил: 250 г крем сирење (маскарпоне или некое друго кремасто сирење), 1 ванилин шеќер, 3 полни лажици нутела (180 г).
Одозгора тортата се наросува со 2 лажици мелени или сечкани ореви. Може да искомбинирате со лешници, бадеми, мелена плазма, кокос или нешто по ваш избор. Исто така, тортата би можеле да ја декорирате со шлаг или изматена слатка павлака. Колачот се приготвува во плех со димензии 40х30 см.
Постапка: Во подлабок сад ставете 4 јајца, претходно отстојни брем еден чс на собна температура, додадете 8 лажици шеќер и пенасто изматете со електричен миксер. матете доволно долго додека шеќерот да се растопи, а смесата да побели и стане кремаста.
Потоа намалете ја брзината на матење и започнете постепено да додавате 100 мл масло и 150 мл млеко, во тенок млаз. Врз сито, во смесата додадете ги сувите состојки: 8 лажици брашно (150 г), 2 лажици какао во прав и 1 кесичка прашок за печиво (10 г).
На крај додадете три лажици мелени ореви и една кесичка ванилин шеќер. Повторно изматете со миксерот, на послаба брзина, додека убаво да се соединат состојките и да се изедначи смесата. Пригответе го плехот 40х30 см во кој ќе се пече кората: обложете го со хартија за печење.
Добиената смеса излејте ја вака приготвениот плех, рамномерно распоредете, израмнете и протресете за да излезат евентуалните воздушни меурчиња. Потоа ставете да се пече во претходно добро загреана рерна на 200 степени. Пандишпанот се пече околу 20 минути.
Кога ќе се испече кората, извадете ја од рерна и оставете ја малку да се подизлади, а потоа исечете ја на три еднакви делови, така што да добиете три еднакви кори. Можете да ја сечете кората по должина или ширина, а тоа зависи од вас, колку сакате да ви биде долга или широка тортата.
Првиот фил ќе го приготвите на следниот начин: Во подлабок сад за матење ставете 150 г путер или маргарин, исечен на парчиња и претходно отстојан на собна температура и соединете го со 100 г шеќер во прав. На почетокот можете да користите виљушка за да не ви се разлетува шеќерот.
Откако убаво пенасто ќе го изматите путерот со миксер и ќе се соедини со шеќерот во крем, додадете му 200 г мелена плазма и 250 мл млеко. Млекото додавајте го постепено додека ја матите смесата. Потребно е добро да се измати за да се добие добар мазен крем.
Филување на тортата: врз првата кора нанесете рамномерно половина од филот и убаво израмнете. Поклопете со втората кора, па и врз неа распоредете го остатокот од филот. Рамномерно распоредете и израмнете, па поклопете со третата кора. оставете ја тортата во фрижидер.
Пригответе го вториот фил: во подлабок сад за матење ставете 250 г маскарпоне или некое друго крем сирење, во видеото се користи „ала крем” од шабачка млекарница. Додадете една кесичка ванилин шеќер и три полни лажици нутела или некој друг лешников крем (180 г ).
Изматете убаво за да се соединат состојките (може и со лажица), додека да добиете убава чоколадна мазна кремозна смеса. Премачкјате ја целата торта одозгора и од страните со вториот фил и убаво израмнете. Со виљушка можете да направите шари како декорација.
Тортата одозгора можете да ја наросите со сечкани или мелени ореви, или пак со сечкани и мелени лешници. Секако декорацијата е по ваш избор и може да ја украсите тортата по желба. Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.