Можеби сте слушнале дека јадењето пред спиење спаѓа во зоната на „НЕ, НИКАКВО ЈАДЕЊЕ!“ , а ова особено важи за сите оние кои држат диети и сакаат да ослабат. Всушност, сигурно сте го слушнале и ова: храната која ќе ја изедете навечер, несомнено ќе се складира, ќе ви ги зголеми килограмите и ќе ве здебели….што е уште полошо!
Па, тука е добрата вест, а тоа е дека НЕ секоја храна што ќе ја изедете после 19 часот навечер, автоматски ќе ви се залепи на задникот, бутовите или стомакот.
Всушност, постојат одредени видови намирници кои можете да ги јадете како ноќна закуска, и кои можат дури и да го забрзаат вашето слабеење. Тајната е во тоа да ја познавате добро храната и а знаете како таа функционира откако ќе ја изедете. Треба да знаете која храна да ја одбегнувате, и тоа како напредува ноќта, така и вие што повеќе да се одалечувате од неа.
ВАЖНО ПРАВИЛО: одбегнувајте јаглехидрати пред спиење, и истите заменете ги со високо квалитетни протеини кои бавно се варат. Но не претерувајте! Со ноќниот оброк не треба да се прејадувате…
Консумирањето на јаглени хидрати предизвикува значителен пораст на хормонот инсулин, кој пак, го става на пауза согорувањето на мастите. Ова е рецептот за катастрофата што се случува при ноќните оброци кога метаболизмот е успорен. За среќа, ова не се случува при бавното варење на протеините.
Бавното варење на протеини му обезбедува на вашето тело постојано снабдување со аминокиселини во текот на ноќта, со што вие можете да закрепнете од напорното вежбање, и со тоа да ја одржите мускулната маса за сметка на мастите.
Еве некои предлози за ноќни оброци:
1.Бело месо од животински протеини (не црвено или риба). Пилешкото и мисиркиното месо се варат бавно и многу малку ослободуваат инсулин. При тоа ослободуваат еден друг хормон- глукагон, кој му помага на телото да се снабди со енергија користејќи ги јаглехидратите и мастите од нашето тело, а тоа претставува двојна победа!
Црвеното месо и рибата имаат значително повисок инсулински одговор, па би било најдобро да се одбегнуваат навечер.
2.Урда- има многу спора дигестија, за чија асимилација на телото му се потребни неколку часа. Исто така, како протеин, ослободува глукагон. Најдобар избор би било да јадете несолена урда, или со многу малку сол.
3.Зелен зеленчук- Практично нема калории а е богат со диетални влакна кои ве држат сити. Често пати кога ќе добиете неиздржлив нагон за јадење во доцните часови во ноќта, ова би било одличен избор: порција зелена салата!
4.Протеински шејк, кој е со ниски јаглехидрати и има бавна дигестија. Може да ви стане секојдневен ритуал за предспиење. Направете шејк со основа на бадемово или кокосово млеко, додајте јајце и коцки мраз, малку овошје колку за вкус, и сето тоа ставете го во блендер и миксајте околу 30 секунди.
-Пример 1: една чаша бадемово млеко, 1 белка од јајце, 6 коцки мраз.
-Пример 2: една чаша бадемово млеко, 1 белка од јајце, 1 лажичка путер од бадем или од лен, 4 јагоди, 6 коцки мраз.
-Пример 3: една чаша бадемово млеко, 1 белка од јајце, пола смрзната банана, една лажичка лецитин, 10 зрна аронија, 6 коцки мраз.