Медицинските експерти тврдат дека отоците може да бидат предизвикани од бројни причини како што се: споредни ефекти на некои лекови, проблем со некои внатрешни органи, бременост, слаба циркулација, консумирање на многу сол во храната и сл.

Но, треба да знаете дека понекогаш се случува да ви отечат нозете како нормална појава ако долго стоите или седите во една положба.

Меѓутоа, доколку имате хронични отоци на зглобовите или нозете – тоа може да биде знак за предупредување и веднаш треба да посетите лекар.

За среќа, постојат билни, природни лекови кои се многу корисни за намалување на отоците. Овие домашни лекови ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот течности и да го намалите отокот во нозете и зглобовите.

Можеби претпоставувате, најдобрата билка која може да помогне во ова – е магдоносот. Многу истражувања покажаа дека овој лек има бројни здравствени предности при различни состојби како што се: астма, алергија, менструални болки, инфекција на уринарниот тракт, дигестивни проблеми.

Магдоносот е исто така многу корисен во лекувањето на бронхитисот, го подобрува здивот, го намалува високиот крвен притисок.

ДОМАШЕН ЧАЈ ОД МАГДОНОС – РЕЦЕПТ:

(Овој чај е најдобриот природен лек за елиминирање на отоците од нозе, зглобови и стапала…)

Овој чај се приготвува многу лесно и ефикасно. Потребна ви е цела билка, односно корен, стебленца и лист од магдонос.

1.Прво добро измијте ја билката, особено коренот. Потоа исечкајте ја ситно.

2.Ставете половина литар вода на оган да зоврие.

3.Додадете 5 полни лажици магдонос и оставете да проврие.

4.Тргнете од оган, поклопете и оставете да отстои 20 минути, па процедете.

Како се користи:

Пијте најмалку трипати дневно.

Напомена: може да додадете малку ѓумбир, лимон или мед – за да го збогатите вкусот. Ако сакате најдобри резултати, треба веднаш да го консумирате свежо приготвен.