Ваквите рецепти сите ги сакаат затоа што сите состојки се ставаат во тепсија и за еден час во рерна ќе добиете готов ручек!
Потребни состојки:
1 кг свински или телешки стекови
~100 г брашно
2 супени лажици мешан зеленчуков зачин (вегета)
Сол, црн пипер, масло
2 супени лажици доматно пире
5-6 чешниња лук
2 рамни супени лажици шеќер
200 мл бело вино
Магдонос
Постапка:
Свинските стекови изработете ги со кујнски чекан, па добро зачинете ги со зеленчуков зачин и малку сол. Побрашнете ги од двете страни. Половина од стековите ставете ги во огноотпорен сад намастен со масло.
Наросете со сечкан лук, магдонос, шеќер и малку заленчуков зачин.
Доматното пире измешајте го со бело вино и со таа мешавина прелијте ги стековите.
Одозгора наредете ги останатите стекови и повторете ја постапката. Долејте толку вода колку стековите да бидат прекриени. Попрскајте со малку масло.
Се пече околу 1 – 1:30 час, на 200 степени. Се послужува со прилог по желба (пилав, помфрит…)