Понекогаш може да се појават ситни црвенкасти дамки по својата кожа, налик на осип, но не сте баш сигурни како тие се појавиле. Станува збор за петехии, точкасти дамки од крв кои се создаваат од испукани крвни садови, која тече под површината на кожата. Оваа состојба е исто така позната како крвавење во кожа.

Нашите крвни садови чија главна функција е циркулација на крвта се долги и разгранети низ телото. Иако нашите капилари се многу еластични, при силен удар или било каква траума, може да пукнат. Тоа може да предизвика истекување на крвта или нејзино згрутчување под кожата.

Овие грутчувања формираат мали црвени дамки на кожата и може да исчезнат после неколку денови. Ако забележите дека им е потребно време за да исчезнат, тогаш постои шанса да патите од петехии. Тие може некогаш да бидат пурпурно црни или кафеави, поради оксидација на крвта.

Овој осип на кожата е постојан и не ја губи бојата дури ни кога ќе се притисне. Петехиите може да се појават било каде на телото, па дури и во устата. На видливи површини од кожата може да изгледаат многу грдо. Оваа состојба е честа појава и може да им се случи на поединци од сите старосни групи.

Петехиите или црвените дамки од крв по некое време сами ќе се повлечат, но доколку постојано се јавуваат на истото место или им е потребно повеќе време за да исчезнат, тогаш е пожелно лицето да се јави на лекар.

ЗОШТО СЕ ПОЈАВУВААТ?

Како што е споменато претходно, една од основните причини за појава на петехии е рана или повреда на капиларите, која доведува до нивно пукање и истекување на мала количина на крв под површината на кожата. Тие по изглед се слични на модринки, а единствена разлика е во големината. Некои од причините може да бидат посериозни по природа и бараат брза медицинска интервенција.

Појавата на петехии кај децата може да биде од случаен пад при играње или ако детето имало сипаници. Кај доенчиња, крвавењето под кожа може да биде предизвикано од недостиг на витамини, особено витамин К или поради инфантилен скорбут (недостиг на витамин Ц).

Една од главните причини за појава на палатинални петехии (оние на непцето) може да биде поради стоматолошки болести или повреда при консумирање на слатки или било која друга цврста храна.

Стареењето исто така може да биде една од причините за појава на петехии. Како што старее кожата, таа станува тенка и ја губи својата еластичност, со што крвните садови се изложуваат на надворешни услови. Дури и најмал удар може да ги оштети крвните садови, што доведува до крвавење под кожата.

Петехиите кај возрасните може да се појават и покрај присуство на вирусни инфекции, како што е мононуклеоза (позната и како болест на бакнежи), сепса (инфекција во крвта) и леукемија.

Хемотерапијата и зрачењето може да доведат до пукање на капиларите. Прекумерно консумирање на лекови како што се антикоагуланси, стероиди итн, се јавуваат како еден од споредни причини за појава на петехии.

Некои од причините за појава на петехии може да бидат и здравствени пореметувања како системски лупус еритематозус, познат исто така и како лупус СЛЕ, идиопатски тромбоцитопениски пурпури (ИТП) и хемолитички уремичен синдром, итн.

Никогаш не треба да се игнорира ненадејната појава на петехии или местата на кожата каде крвавела, бидејќи тие може да бидат знаци и некое сериозно здравствено пореметување. Секогаш е подобро да се консултирате со лекар, кој ќе воспостави точна дијагноза за било која промена на телото.