Настинката и грипот спаѓаат во најчестите заболувања на респираторниот тракт, а настинката се јавува почесто од сите болести заедно. Повеќето луѓе настинуваат неколкупати годишно, обично напролет и наесен.
Ако чувствувате дека ќе се разболите мора веднаш да започнете со преземање на неопходни мерки.
Започнувајќи со борба против првите симптоми на настинка во почетна фаза, можно е да се спречи развојот на сериозни заболувања (грип, бронхитис и сл.) и восплителни процеси во организмот.
Овие три едноставни но ефикасни и проверени народни рецепти ќе ви помогнат да се изборите со почетните симптоми на настинка и грип, да се запре и спречи напредувањето на болеста.
1.Овој напиток е природна замена за популарниот „Фервекс“ кој можете сами да си го направите без да го купувате во аптека, а кој е еднакво ефикасен, па дури и подобар.
Ако ги чувствувате првите симптоми на настинка или грип направете го следното:
Во 1,5 литар провриена и изладена вода до собна температура, додадете 1 супена лажица крупна (пожелно е морска) сол, сок од еден лимон и 1 грам аскорбинска киселина (витамин Ц).
По желба можете да засладите со една лажица мед. Добро промешајте и испијте го овој раствор во рок од 1,5 час. По потреба повторете уште еднаш.
2.Кај првите симптоми на настинка одлично помага и овој рецепт:
Загрејте 100 мл црно вино, додадете во него ¼ лажичка црн пипер и 1 лажица мед. Промешајте и испијте го додека е топло пред спиење.
3.И третиот, проверен рецепт, кој исто така е 100% ефикасен:
Познатиот лек против настинка и кашлица – топло пиво со мед.
Не може да се каже дека оваа мешавина има пријатен вкус, но затоа е многу ефикасна!
Едно шише пиво од 0,5 л (темно или светло) истурете го во сад и ставете на оган да се зарее. Треба да биде топло.
Тргнете од оган и додадете 2 лажици мед и прстофат цимет и каранфилче, па промешајте. Пијте го во текот на вечерата, пред спиење, во мали голтки. Потоа легнете во кревет.
Иако нема пријатен вкус, оваа смеса одлично помага при настинки, грип и кашлица.
Овој напиток ја омекнува и намалува кашлицата, поседува антиинфламаторно дејство, поттикнува потење кое ја извлекува настинката од организмот.
Потењето, исто како во случајот со рецептот со виното, одамна е познат и признат метод за лекување на почетните симптоми на настинка и грип, кое ги вклучува одбранбените механизми на организмот кој се бори против вирусите.
Во сите три случаи можете по природен пат да ги победите првите симптоми на настинка и грип, буквално за еден ден.