Доволно е да консумирате една лажица од овој лек секое утро 7 дена континуирано и вашиот организам ќе доживее неверојатна промена.
Сите знаеме дека медот и лукот се здрави, но ќе се изненадите што се’ може да направи нивната комбинација!
Овие познати лекови во народната медицина со своите моќни својства лекуваат бројни заболувања, па со причина луѓето ги нарекуваат природни антибиотици.
Медот и лукот би требало да станат ваши секојдневни намирници, бидејќи го подигаат имунолошкиот систем и поволно делуваат врз целокупната здравствена состојба.
Исечкајте 2-3 чешниња лук (можете и повеќе) и ставете ги во тегличка со мед. Оставете смесата да отстои додека да се соедини.
Доволно е да консумирате по една лажица од овој лек секое утро, 7 дена по ред и вашиот организам ќе доживее неверојатна промена!
Го подига имунитетот
Комбинацијата од мед и лук ја зголемува силата на вашиот имун систем, што е важно ако се борите против некои болести, но и кога сакате да спречите зараза.
Го штити срцето
Оваа мешавина ги чисти крвните садови од масти и со тоа спречува срцев удар. Се додека крвта непречено циркулира низ вашиот организам, срцето како орган е заштитено.
Лекува воспаление на грло
Медот и лукот имаат високо антиинфламаторно дејство, па затоа се многу добри за сузбивање на инфекции на грлото.
Помага при дијареа
Со помош на оваа смеса можете да го зајакнете вашиот дигестивен систем и на тој начин да ја елиминирате секоја инфекција. Со самото тоа ќе го решите проблемот со ретка столица.
Лекува сува кашлица
Медот и лукот се исклучителни за разблажување на слузта која се таложи на дното од вашето грло и така предизвикува сува кашлица.
Оваа комбинација го разводнува секретот и ги отстранува воспалителните процеси. Истото важи и за синусите.
Помага при габични инфекции
Габичките може да нападнат различни делови од вашето тело, но оваа мешавина е вистинска антипаразитска бомба која делува во овој случај.
Најдобро е да се користи превентивно, бидејќи ја спречува можноста за било каква инфекција.
Врши детоксификација
Смесата од мед со лук е природен детокс за вашиот организам.
Користејќи го овој лек, вие му давате на вашиот организам втора шанса, бидејќи медот и лукот го ослободуваат вашето тело од сите отрови кои претходно сте ги внеле.
Треба да се напомене дека овој природен лек е исклучително добар за стабилизација на холестеролот во крвта, но и за губиток на вишкот килограми.