Голем број пациенти кои боледуваат од koвид 19 добиваат воспаление на бели дробови. Тоа е она од што многумина се плашат, но не мора да значи дека секое воспаление ќе го одведе пациентот до болнички кревет.
Голем е бројот на оние кои остануваат дома, па покрај терапијата и советите на својот доктор, успешно закрепнуваат од болеста. Сепак, многумина се во дилема како треба да лежат, односно која положба да ја заземат.
За сите кои се здобија со воспаление на бели дробови, а боледувањето го поминаа во домашни услови, пристигнаа најразлични совети, како што е на пример советот дека најдобро е да не се лежи многу, туку да се седи.
Еден од советите исто така, е дека најдобро би било пациентот да лежи на грб, за што повеќе да се намали притисокот на белите дробови… Но кој совет е најправилен и најточен? Што е најдоброто и како човек со ваква состојба може најдобро да дише?
-Општ совет е пациентот самиот да процени што најмногу му одговара и во која положба му е најугодно, односно во која положба намногу може слободно да дише. Препорака на лекарите е дека најдобро е да се лежи странично. На овој начин се подобрува вентилацијата на белите дробови.
Доколку двете крила се зафатени, тогаш треба да се менуваат страните, малку на лева, па малку на десна страна. Доколку воспалението е еднострано, тогаш најдобро е да се лежи на онаа страна на која нема воспаление – вели д-р Ирина Радошевиќ, лекар по општа пракса, за Е-Клиника, и додава:
-Кога се чувствувате подобро, кога не чувствувате малаксаност, тогаш седнете во креветот потпрени на удобни перници. Кога и да можете, малку исправете се. Тоа исто така, е совет за сите што имаат воспаление на бели дробови, без разлика дали воспалението е предизвикано од kopoна вирус или воспаление предизвикано од бактериска или некоја друга вирусна инфекција.
Кога станува збор за лежењето на грб, докторка Радошевиќ појаснува: -Кај респираторен дист-рес, односно тешка инсу-фициенција, кога пациентот е на респи-ратор, тогаш се поставува да лежи на грб. Затоа сме виделе сцени од болниците во кои пациентите лежат на грб.
Тоа е пракса во сите koвид болници. Но, кај домашното лекување, односно сите кои се на домашно лекување и не се во таква тешка состојба, немаат потреба за толку стриктни правила. Затоа, повторувам – сами проценете како и во која положба најлесно дишете.