Потребни состојки:
– 3 јајца
– 9 лажици брашно
– 9 лажици шеќер
– 9 лажици масло
– 9 лажици млеко
– 1/2 прашок за печиво
– 2 ванилин шеќер
– кора од еден лимон
– шака сечкани ореви
– 150 гр вишни
Подготовка:
Ги кршиме јајцата и ги раздвојуваме белките од жолчките.
Жолчките ги матиме со 6 лажици шеќер, го додаваме ванилиниот шеќер, кората од лимон, млекото, маслото, брашното и прашокот за печиво.
На крај ги додаваме белките кои претходно сме ги изматиле со 3 лажици шеќер.
Калапот за куглоф го премачкуваме со масло, го набрашнуваме и ја истураме смесата за тестото, па ги додаваме оревите и вишните.
Во зависност од шпоретот, се пече околу 1 час.