Рецепт и видео презентација на Ивана од “Шерпица” – Посно палачинки меки како памук.

Палачинки без млеко и јајца, посен рецепт. Вкусни и меки, кога ќе се филуваат со мармалад и наросат со мелени ореви, нема ништо поубаво.

Со какао и шеќер мора да пробате, но мора да го наросите додека палачинките се врели за да може да се растопи и соедини. Може да ги наросувате и со цимет, кокос… а може да ги правите и солени.

Потребни состојки:

500 мл вода + уште малку за да се разреди додека да се добие густина на јогурт, 350 г меко брашно, 1 лажичка шеќер, ½ лажичка сол, 2 кесички ванилин шеќер (20 г) или арома, малку рендана кора од лимон (не мора), 3 лажици масло за тестото + неколку капки за тавата за печење, 1 лажичка прашок за печиво.

Постапка:

Во подлабок сад измешајте ја водата, шеќерот, солта, ванилата, маслото и ренданата кора од лимон. Промешајте за да се растворат и соединат состојките.

Потоа додадете го брашното во кое сте додале и прашок за печиво. Добро изматете со жица или со миксер за да добиете мазна смеса без грутчиња.

Проценете ја густината па по потреба додадете уште малку вода додека да добиете конзистенција на јогурт. Секогаш правете прво погуста смеса без грутчиња од брашното, а дури потоа разредувајте ја (така е полесно).

Палачинките печете ги на вообичаен начин во добро загреана тава, а додека се печат намалувајте го огнот, односно прилагодувајте ја температурата постојано, за да не изгорат предвреме.

Печете ги од двете страни, потоа мачкајте ги со вашиот омилен џем, крем или што и да сакате, свиткајте ги и ужувајте во вкусот. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.