“И благодарам на Маја од срце што ми го направи фундраисерот. Девојчето направи добро дел, но тука ги добиваме вредностите како луѓе”, вели Лидија и додава:

“Ви испраќам порака да го чувате вашето здравје бидејќи е бесценето, но и не се откажувајте од ништо и потрудете се за тоа што го сакате. Ве замолувам сите да донирате кој колку може, бидејќи јас не се откажувам и заедно ќе го постигнеме посакуваниот резултат.

Помогнете ми побрзо да заминам на роботиката која најмногу може да го реши проблемот што остана. Заедно со вас можам сè! Ви благодарам на сите и ве молам споделувајте го апелот што е можно повеќе.”

Пред повеќе години на Лидија Ристевска од Битола и е дијагностицирана мултиплекс склероза, невролошка автоимуна хронична болест која често доведува до телесни и останати попречености.

Оттогаш таа добро се снаоѓаше co симптомите, но пред нешто повеќе од три години добива силни напади кои доведоа до трајни последици, целосна парализа, проблеми co дишење и голтање и останато. Во декември 2019 ja направи првата трансплатација co матични клетки во Москва, Русија каде ги доби и првите подобрувања.

Втората трансплатација ја направи во ноември ова година во истата клиника но co ситуацијата во Белград, Србија.

Сите симптоми што ги имаше од основната болест полека исчезнуваат, но поради неподвижноста сите овие години има екстремно изразена атрофија.
Веднаш од втората трансплатација замина на третмани co роботика во Ниш, Србија 10 дена и се покажаа многу ефективни враќајки ја самата меморија на движење и работа на мускулите.

За да биде овој процес на лекување целосен и за да се види нејзиниот успех, и повторно да може да се движи треба што побрзо и колку е можно подолготрајно да ja продолжи оваа рехабилитација co роботика во која плус и е додадена и класична физиотерапија.

Потребната сума е 5.800€ која покрива два месеци од лекувањето. Да и помогнеме на Лидија да ја заврши нејзината мисија до крај! Јас им се обраќам на сите хумани луѓе да донираат во рамките на нивните можности. Без вас не можеше да успее, и понатаму и треба вашата поддршка. Донирајте ОВДЕ.

Од претходната објава: Лидија сонува за нешто кое сите го земаме здраво за готово – Сака да оди со свои нозе, а нема пари за терапија

Мултиплекс склерозата ми ги украде соништата, ми земаше дел по дел, вели Лидија Ристевска која неколку пати апелира до сите добри луѓе кои се во можност, парично да и помогнат за потребниот третман.

Таа боледува од прогресивна мултиплекс склероза и потребен и’ е третман со матични клетки. Претходно се собираа средства за лекување, но повторно се потребни.
„Оваа сторија не е измислена, ова е реален живот, а вие сте многу среќни, запомнете и бидете секој ден благодарни. Мултиплекс склероза се вика таа, со која морам да живеам. Ми ги украде сите соништа, постепено ми земаше сè, дел по дел.

Сè се случи пребрзо, иако години беа во прашање, а за мене само момент кога се најдов во кревет целосно неподвижна, без нозе, без раце, без воздух, со никаква сила, дури не можев ни да зборувам. Во тој момент имав две опции да изберам: да живеам и да се борам или да се откажам.

Со мене беше и сè уште е, по овој пат, сè додека не успееме, мојата ќерка. Тогаш штотуку го запозна животот, а моето дете мораше да се соочи со сурова реалност.
И така двете сами со сменети улоги, јас дете, а таа мајка, тргнавме да се спротивставиме на третата, што непоканета ни дојде да ни ги сруши животите, мултиплекс склерозата.

Со помош и поддршката од хумани луѓе во декември ја направив првата трансплантација со матични клетки, во септември оваа година треба и втора, а веднаш ги почувствував првите подобрувања. Но, не е толку лесно, ова е долг пат и тешка борба и сега сум на рехабилитација со роботика во Ниш во Србија.

Во потрага по животот, по здравјето, ние двете, ќерка ми и јас пропатувавме многу. Јас сега кон вас упатувам голема молба, да нè поддржите до крај, сè додека да стигнеме до целта. Оваа неколкумесечна рехабилитација нè дели малку од успехот,“ вели Ристовска во апелот до јавноста.

Донирајте на броевите: ТЕЛЕКОМ 143 121 — А1 143 474 И на сметките: 500600016598443 Стопанска банка АД Битола IBAN Mk07500080003654013 –SWIFT STBBMK22 Stopanska banka AD Bitola